Допис од ФЗОМ
Почитувани колеги,
Пристигна допис од ФЗОМ:
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување -Службен весник на РМ бр 26-2012 год -вп став 5 точка 10,проширен е кругот на осигуреници и по овој основ се осигурени и лицата со признаен статус на бегалец и лица под супсидијарна заштита.
За овие осигуреници придонесот за здравствена заштита го плаќа Министерството за труд и социјална политика и во задолжително здравстевно осигурување се пријавени со пријава ЗО 1 поднесена од истото министерство.
Овие лица користат здравстевни услуги,со здравствена легитимација и потврда за платен придонес и не се ослободени од учество -Партиципација.Треба да имаат избрано матичен доктор и со упат да се јават кај специјалист.




