III Столб – Доброволно пензиско осигурување

III Столб – Доброволно пензиско осигурување

Во изминатите неколку години, уплатите за пензиско и инвалидско осигурување во задолжителното пензиско осигурување се намалија. Во 2007 година процентот од бруто плата кој се одвојуваше за пензискои инвалидско осигурување изнесуваше 21,2%, а од 2010 година тој процент се намали на 18%.

Ова намалување можно е да влијае врз висината на пензиите во иднина и врз одржување на стандардот кој сме го имале пред пензионирањето. Пожелно е секој поединец во времето на активниот период самиот да се погрижи за својата старост.

Осигурениците преку дополнително вложување на средства во III Столб на пензиско осигурување можат да си обезбедат поголема финансиска сигурност за старост.

Системот на доброволното пензиско осигурување ги обединува, професионалното пензиско осигурување – преку фирма и индивидуалното пензиско осигурување кое е наменето за физичките лица.

ВАЖНО Е ДА СЕ ЗНАЕ!

Доброволното пензиско осигурување е единствен финансиски производ на пазарот кој опфаќа даночни стимулации од државата за индивидуалците, принос на фондот и даночни ослободувања за фирмите.

ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА ЗА ФИРМИТЕ
• За уплатените средства фирмата е ослободена од плаќање на персонален данок.
• Уплатените средства во доброволно пензиско осигурување се сметаат за трошок на фирмата (признат трошок од аспект на данок на добивка до соодветното ограничување).
• За уплатените средства фирмата е ослободена од плаќање на придонеси.

Износот на ослободувањето за една календарска година не може да биде поголем од 4 просечни месечни бруто плати во Р.Македонија објавени за претходната година, во согласност со законската регулатива.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРЕДНОСТ Е ПРИНОСОТ НА ФОНДОТ
Членување преку фирма

• Организатор- Трговско друштво (АД, ДОО, ДООЕЛ, ТП) – (Осигурител) само за свои вработени;
• Осигурителот – определува кој може да учествува во професионалната пензиска шема;
• Осигурителот – ја определува висината на уплатата за секој член поединечно;
• Осигурителот – уплаќа средства кога сака и колку сака;
• Осигурителот- не е обврзан при секоја уплата да уплаќа за сите членови во пензиската шема;
Осигурителот ги уплаќа средствата за своите членови од сметката на фирмата.
За сите теми кои се од Ваш интерес и за кои Ви се потребни дополнителни информации, Ве замолуваме слободно да не контактирате на е-маил: z.ordevski@npf.com.mk или на телефонскиот број 02/5100-294; 070/364-679; 078/337-549

Со почит,
Жарко Ордевски

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари