Трета конференција на лекарите по општа медицина – Пловдив Бугарија
Почитувани,
Ве информираме дека во периодот од 15-18.11.2012 год, во Пловдив, Р.Бугарија, ќе се одржи „Третата Конференција на лекарите по општа медицина“ на Бугарија. Истата ќе се одржи во х.Новотел ***** кој се наоѓа во центарот на Пловдив. Сместувањето во хотелот изнесува:
-двокреветна соба – 30 евра по човек
-еднокреветна соба – 40 евра
Котизацијата за учество е 30 евра.
ЗЛОМ/СМ организира заедничко одење на 14.11.2012 година во вечерните часови и враќање на 18.11.2012 година претпладне. Се плаќаат три ноќевања во хотелот.
Патните трошоци се дополнителни во зависност од цената на изнајменото комбе плус три ноќевања за шоферот.
Сите оние кои што се заинтересирани можат да се пријават до 31.10.2012 година за да навремено се обезбеди хотелско сместување во хотелот, бидејќи интересот е голем.
Пријавувањето да биде на email: paraskeva_kostovska@yahoo.com. Сите дополнителни информации ќе ги добиете преку email или на тел: 071 278 786 до 15 часот секој работен ден.
Со почит,
УО на ЗЛОМ/СМ




