Изгорени амбулантите на две докторки во Ченто
Почитувани колеги,
ЗПЛРМ во договор со ФЗОМ дојдоа до решение за надминување на проблемот со докторките без ординации. Министерството за здравство не направи никаква реакција со која би покажало грижа кон докторките кои останаа без ординации заради пожар., при што изразот Vis Major ништо не им значи. Со оглед дека со минатиот министер со ординациите во Јане Сандански кои беа поплавени не по нивна вина имаше постигнато решение за вакви случаи. ФЗОМ предлага: Докторите да поднесат известување до ФЗОМ дека поради Виша Сила не можат да ординираат во своите ординации и притоа прегледите ќе ги обавуваат во втората смена кај замените. ФЗОМ да им излезе во пресрет по тоа известување и поради вишата сила да ги суспендира тие договорни обрски(цели) до надминување на вишата сила. Фактички докторите да имаат место каде ќе ги прегледуваат пациентите и ќе им издаваат рецепти упати.
ПС. Целите би требало да се суспендираат поради отсуство на комплетна документација за пациенти и апаратура(ЕКГ) за изведување на истите.
ЗПЛРМ јавно се заблагодарува на ФЗОМ и на првиот човек кој ја води оваа институција Г-ѓа Маја Парнарџиева Змејкова.Институциите треба веднаш да реагираат во овакви Вонредни ситуации-бидејќи тие постојат за граѓаните на оваа земја..Ова е пример како треба да се надминуваат сите проблематични ситуации-САМО СО ДИЈАЛОГ.
Со почит




