Проблеми со уредбата за мрежа на здравствени установи на примарно ниво

Почитувани колеги,

Го отвораме овој напис каде што сите колеги можат да ги кажат своите проблеми со уредбата за мрежа на здравствени установи на примарно ниво.

Ве молиме, сите Вие кои што сте засегнати со овој проблем, да ни пратите email на zplrm@zplrm.mk напишан со кирилична поддршка за да го објавиме.

Со почит

Проблем бр.1

Доктор од здравствен дом прашува: Јас, Д-р Цветаноска Марина од ПЗУ Д-р Драгица Цветковска останувам без работа заедно со мојот тим сестра со пензионирањето на носителот на закупот. Има објава за концесии на дејност, но гледам дека договорите ќе се склучат со фондот дури од 2013-та година. Како да конкурираме? Како физичко лице? Дали со свој простор? Дали ќе можам јас да работам? Ќе се најде ли некое решение за нас што веќе имавме договор за 2012 или?

Проблем бр.2

Добарден почитувана претседателке! Д-р Игор ми рече дека денеска пак Ви спомнал за мојот случај, меѓутоа кај мене ептен се искомплицира работата. Значи, на 16.07.2012 дадов барање за промена на седиште, така ми рекоа правниците од Министерство, излезе концесија на 17.08.2012 во нов простор кој го опремив со пари од кредит, ми направија записник и ми рекоа дека се е ок и дека би требало брзо да земам решение и со тоа да сменам во централен регистар коосновач да ме пишат и мене, а основач да си остане мајка ми и во ФЗО да ми го продолжат договорот.

Денеска, во министерство ми викаат дека мора да се ликвидира фирмата и да формирам нова, повторна процедура што нема да се стигне до 22-ри септември дури ни трае договорот со ФЗО. Единствена опција за да ги задржам пациентите беше да ме вработи друг доктор, меѓутоа денеска ми кажаа во министерство дека и за тоа треба дозвола од нив и е долга процедура.

Излегува дека ќе останам на улица, а со мене и 2 300 пациенти! Очајна сум од овие процедури од министерство што ги менуваат и сега пак од нула треба да почнам! Ве молам ако знаете некој излез!

Проблем бр.3

Јас сум Д-р Сафет Амзи, лекар по општа медицина и работам во Гостивар во ПЗУ Медикација Ди. Имам договор со фондот. Во ПЗУ Медикација сум работел од 1996. Во декември 2009, ПЗУ Медикација е затворена и како фирма и како ординација. Со 1 200 пациенти почнав со работа во ПЗУ Медикација Ди на нова адреса, како вработен лекар во таа фирма. Директор и основач на таа фирма е Д-р Таџедин Ќазими кој има работено во Здравствен дом Гостивар и на време ја има добиено концесијата за простор, на која основа ја има формирано ПЗУ Медикација Ди.

Сега, со новиот закон за пензионирање, тој стекнува право на пензија со навршени 64 години, а тоа ќе биде на 01.07.2014 година. Во тој момент ќе ја изгуби концесијата и дозволата за работа и фирмата ќе се затвори. Јас, со моите сегашни 1 500 пациенти ќе одам на улица бидејќи не сум носител на концесијата.

Моето прашање до вас е: да ми се помогне со некој правен лек во овој галиматијаш. Во 2014 година јас ќе имам навршени 52 години и немам друга струка со која би можел да арсаботувам за себе и за мојата фамилија.

Молам за помош!

Проблем бр.4

Почитувани колеги,мене пред по малку од една година истите овие што вас ви ги затвараат ординациите,и мене ми го затворија,рурална амбуланта,кои самите тие ги воведоа,а не беа малку тие што им ги затворија ординациите,имавме и ние реакции но резултатите беа катастрофални за нас.И така јас една година сум без работа и работам се што стигам градежништво итн.. за да преживеам.А колегиве земаат готови амбуланти со по 2-3 па и 4 илјади пациенти кои им останале на постарите лекари одкако се приватизираше примарното здравство,мислам дека е вака по фер сите да ја почнаат трката од нула па да се види кој каде ќе стигне,нека видат и тие како се собираат пациенти,и крај крајева и нека останаат и без работа да видат како е без работа.И мислам дека крајно време е државата да биде фер спрема секој лекар.

Проблем бр.5

Почитувани,

Јас,Д-р Томче Додевски од ПЗУ Д-Р ТОМЧЕ ДОДЕВСКИ зедов под закуп деловен простор од Здравствен Дом Крива Паланка и регистрирав нова организациона единица со решение на Министерството за здравство на 14.06.2012 год.На 17.06.2012 год. поднесов документи за склучување договор со ФЗОМ.На 29.06.2012 год. ФЗОМ го потпишува договорот а уредбата за мрежа излезе во службен весник на 28.06.2012 год. со важност од наредниот ден односно од 29.06.2012 год.После десетина дена ФЗОМ го стопира факсимилот на докторката и испрати писмо до министерството за здравство за толкување на членот 316 став 3 за да им се објасни дали сум влезен во мрежата или не.До денес министерството не одговори на писмото , ординацијата е целосно блокирана а тековно за секој месец јас морам да исплатам плати на лекарскиот тим и други трошоци а од ФЗОМ немам никакви примања иако имам договор и никој во ситуацијава незнае како да постапи.Се наоѓам во многу тешка ситуација и не гледам никакво решение.

Проблем бр.6

Почитувана Д-р Чолакова-Дервишова,

Ви пишувам во врска со натписот во „Дневник“ од 21.08.2012 год. „Со матичниот во пензија и ординацијата“ каде е пренесена и ваша изјава. Ви пишувам бидејки сум и лично засегнат од проблемот за кој се зборува во текстот.

Имено, сакам да ви укажам дека не само што не му се дозволува на вториот тим да продолжи да работи во истата ординација туку не се дозволува ниту прелокација на здравствената установа од закупениот простор во Здравствен дом на нова локација во сопствен приватен објект.

Конкретно, мајка ми од 2006 год. е (беше) закупец на простор и опрема во Здравен дом – Струмица. Од 2007 год. со нејзе почна да работи и мојата сопруга како втор тим. Ние знаевме дека по исполнувањето услов за пензија на мајка ми, дека на мојата сопруга нема да и се дозволи да продолжи да работи во истата просторија па затоа на 10.05.2012 год. поднесовме барање до Министерството за здравство (МЗ) за прелокација на здравствената установа и тоа 1 месец пред да се исполни условот за пензија на мајка ми. Инвестиравме доста финансиски сретства за да изградиме и опремиме сопствена амбуланта се со цел да продолжи дејноста и да се зачуваат работните места.

За жал и по 3 месеца сеуште немаме одговор од МЗ освен што дојде Комисија од Државниот здравствен и санитарен инспекторат која утврди дека новиот објект ги исполнува условите за вршење дејност по општа медицина. Во меѓувреме, по исполнувањето услов за пензија на мајка ми, Фондот го стави во мирување факсимилот и на другиот лекар (мојата сопруга) се додека не се добие дозвола за работа на новата локација, а пациентите ги опслужува замената. Деновиве, од надлежни во МЗ неофицијално сме известени дека здравствената установа треба да престане со работа со исполнување на услов за пензија на носителот на концесијата и во таков случај прелокацијата била безпредметна. Се повикуваат на член-318 став-3 од новиот Закон за здравствена заштита (ЗЗЗ) донесен на 01.04.2012 год. Сега ни се сугерира да поднесеме Барање за основање на нова ПЗУ во мрежата што сигурно ќе биде долг и неизвесен процес.

Навистина не ми е јасно како се дозволило да се внесе една таква ригорозна законска одредба во новиот ЗЗЗ. Ве молам доколку имате некои подетални сознанија во врска со оваа проблематика да ми пишете.

Поздрав
Д-р Никола Ѓузелов
22.08.2012 год., Струмица

Проблем бр.7

Ние сме стоматолошка ординација и имаме проблем со вториот тим со анексот на договорот со фондот.Пред да го вработиме вториот тим бевме во Републичкиот фонд за Здравствено осигурување за да прашаме и од таму ни рекоа вработете го тимот и доставете ни ги документите и за пет работни дена ке биде готов анексот на договорот да се потпише.

Меѓутоа ние го вработиме тимот ги доставивме документите и веќе 2 месеци чекаме и нема одговор.Ни рекоа само дека испратиле допис до министерство за здравство во кое бараат мислење како да постапат и дека немаат сеуште одговор.Прашавме и во министерство таму ни рекоа дека незнаат за втори тимови,дека огласот за концесии не важи за втори тимови туку само за новоотворени стоматолошки ординации и ни рекоа отворете ординација на друга локација надвор од здравствен дом и конкурирајте за концесија.

Нас не ни треба нова ординација туку ни треба втор тим,кој веке е вработен но не ни даваат анекс за него и не ни даваат факсимил.Инаку ординацијата е под концесија во здравствен дом,едниот тим има договор со фондот.

Проблем бр.8

Почитувана Претседателке,

Ви пишувам бидејќи сум многу револтиран од неправдата која ни се нанесува од институциите,животни заштеди и кредити на доктори одат во ветар моментално а никој не сака да реагира за да се разреши сето тоа а е поврзано со здравствената мрежа и новиот закон за здравствена заштита.Сега ќе ви посочам многу работи за кои мислам дека адвокатот на здружението би морал да поднесе соодветен поднесок до Уставен суд и да конечно ни заврши голготата.Сето ова што го пишувам се однесува на примарна здравствена заштита.

Здравствената мрежа излезе во Службен весник на 28.06.2012 год. а стапи на сила на 29.06.2012 но фондот продолжи и понатака да склучува нови договори.После речиси 2 недели склучување договори се предомисли и ги замрзна договорите и упати писмо до Министерството за здравство за појаснување на новиот закон.На договорите ги има потписите на раководни лица на ФЗОМ и печат и со тие договори започнаа облигациони односи и ФЗОМ не ги почитува договорите а одговорноста ја префрла на министерството.

Министерството,поточно правниците од кабинетот на министерот оти старите и искусни правници од министерството се екскомуницирани а сите правилници и закони од областа на здравство ни ги пишуваат млади правници од кабинетот на министерот и тоа истите оние правници кои ги пишуваа законите во образование кога министерот беше во тој ресор,и овие правници веќе 3 месеци не одговорија на писмото на ФЗОМ а нема никогаш и да одговорат и ќе се повикуваат на независноста на институцијата ФЗОМ а всушност не сакаат да преземат одговорност.Текстот на здравствена мрежа што ни беше презентиран пред да се објави во службен весник битно се разликува од текстот на мрежа што се објави во сл.весник односно во текстот објавен во службен весник никаде не се спомнува склучување договор со фзом со концесија.

Почитуваните правници од кабинетот откако увиделе грешки во законот за здравствена заштита(и тоа веројатно со помош на медиумите) итно изготвиле(и тоа го работеле во јули и август) предлог закон за изменување на законот за здравствена заштита како изговор користејќи дека мора фразата концесија да се замени со фразата лиценца а всушност битно се менува начинот на концесионерство.Го менуваат член 316 став 3 со додавање на зборовите ,,кои ќе побараат влез во мрежата,, и со тоа создаваат уште поголема конфузија.Во членот 316 став 3 се вели дека во мрежата влегуваат сите новоосновани пзу со вработен избран лекар.Па ако е така зошто фондот ги замрзна договорите на новоосновани пзу?Бидејќи немаат концесии?Па никој нема а договори со пзу од мрежата се склучуваат иако законот вели во член 316 договори може до објавување на мрежата а што потоа никаде не пишува.

Понатака во истиот тој член пишува дека фзом склучува договори само со избрани доктори до моментот на стапување на сила на мрежата но што потоа?Никаде во законот за здравствена заштита не пишува како фондот ќе склучува договори по стапување на сила на мрежата а за тоа не пишува ни во уредбата за мрежа ама не пишува во онаа верзија што се објави во сл.весник а во верзијата што е објавен на веб страната на министерството за здравство пишува дека фзом склучува договори со пзу со концесија и всушност ова презентација на 2 различни текста на уредба за мрежа предизвика замрзнување на договорите со фзом после 29.06.2012 год. оти во верзијата на уредба за мрежа објавена на веб страната на министерство за здравство пишува дека по објава на мрежата фондот склучува договор само со концесија но ако се раководиме според законот за здравствена заштита и уредбата за мрежа објавена во службен весник никаде не пишува дека фондот склучува договори само со концесија па затоа ФЗОМ во никој случај не смее да се посомнева во легитимноста на новите договори и мора веднаш да си ги прифати обврските од склучените договори.

Ако фондот склучува договори после објава на мрежата во службен весник само со договор за концесија тогаш фондот сите договори што ги склучи после 28.06.2012 се противправни а не само договорите на новооснованите пзу затоа што за секој нов доктор што секој ден го гледаме во шифрарник на лекари маркиран со сина боја фзом склучува нов анекс договор и ако се раководиме според законот и уредбата тоа се против правни и нелегитимни договори и сите пари што фзом ги исплатил на основа на тие договори се противправно исплатени

Јас знам дека оваа што го напишав меѓу останатите го читаат и раководни лица на институциите што ги спомнав така да доколку нешто од оваа не е вистина нека ме демантираат на било кој начин дали преку јавни медиуми дали преку овој ист сајт ама со аргументи и повикување на членови од закон за здравствена заштита и уредба за мрежа и во тој случај јас јавно ќе ви се извинам преку истиот овој сајт.

Фондот го крши законот. Ако новооснованите пзу влегле во мрежата според член 316 став 3 тогаш фондот не треба да бара договор за концесија за склучување нов договор како што не бара договор за концесија за склучување анекс договори со пзу кои се објавени во списокот на пзу кои влегле во мрежата или пак ако фондот бара договор за концесија од новооснованите пзу тогаш тоа мора да го бара и при анекс договорите. Ако пзу кое е на списокот во уредбата за мрежа се смета дека има концесија само што формално не е потпишан договор за концесија тогаш тоа истото важи и за новооснованите пзу кои земале дозвола за работа до 28-06-2012 оти после објавување на мрежата министерството ќе дава концесија само во согласност со потребите на мрежата. Дали новооснованите пзу се злоупотребуваат од страна на фзом и министерството и тоа преку кршење на законот? Сакам да кажам дека доколку не се новооснованите пзу тогаш никој нема да се пријави на огласите за концесионерство и со тоа ќе се потврди еден неуспешен проект.

Почитувани,

што значи “новоосновани пзу “? Дали е тоа пзу која е основана после 01.04.2012 односно по новиот закон за здравствена заштита?Дали се новоосновани и пзу кои поднеле барање за основање пред да стапи на сила новиот закон па се основани согласно член 325 од новиот закон кој член вели основањето да се заврши по стариот закон?Дали се новоосновани и пзу кои се основани по стариот закон но направиле статусни измени по новиот закон и додале нова организациона единица па земале нова дозвола за работа согласно новиот закон со список на услуги во пзу и поднеле нов основачки акт во централен регистар согласно новата дозвола за работа издадена од министерството? Правниците од кабинетот на министерот кога го пишувале новиот закон за здравствена заштита на почетокот од законот ги дефинирале сите термини само терминот “новооснована пзу ” никаде не е опишан и дефиниран но тоа не им дава право на правниците од кабинетот на министерот произволно да го толкуваат спрема некоја си логика за ново.

ФЗОМ го крши законот за здравствена заштита.Сите анекс договори склучени од 29 јуни 2012 до денес со кои се извршени промени на матични лекари се противправни од
причина што за тоа прво мора министерството да даде согласност за да не дојде до нарушување на мрежата.Фондот може да склучи анекс договор за промена на матичен
лекар по претходна согласност од министерството а министерството ќе даде согласност ако со тоа не се нарушува мрежата.Тоа значи ако работите во установа која е во мрежа и сакате да дадете отказ за да работите во некоја установа која не е во мрежата нема да можете бидејќи на новата установа кај што сте се вработиле министерството ќе и ја одземе дозволата за работа бидејќи извршила нарушување на мрежата и морала претходно да побара согласност од министерство за да ве вработи.Класичен пример е еден наш академски професор уролог може да даде отказ на клиника за урологија но не смее никој друг да го вработи за да не ја наруши мрежата.Затоа сите пзу-а кога вработуваат лекар мора тоа да се одобри од министерство.значи ако работите на село не може да се префрлите во град бидејќи ќе ја нарушите мрежата.

Почитувани колеги,сите вие кои имате намера да се јавите на огласот за концесија спремете си десетици илјади евра оти процесот на основање пзу сега е долг а вие ќе
морате да пуштате плата за лекарскиот тим а ако случајно не ви тргне работата и не успеете да прикрепите доволно матични пациенти нема да можете веднаш да ја затворите ординацијата туку дури по 6 месеци сметано од денот кога сте го известиле министерството дека имате намера да ја затворите ординацијата и за целиот тој период мора да пуштате плати а ако немате платежна моќ станувате должник на фонд за здравство и фонд за пензиско па може и во затвор да завршите.

Др.Горазд Јоневски

Проблем бр.9

Ве молам ЗПЛРМ да реагира до МЗ и ФЗО за проблемот со огласот за концесии во РМ поради тоа што во Ресен има 14 постоечки ПЗУ а спрема постоечката мрежа на МЗ има дозволени 16 ординации,значи има место за уште 2 ординации.Во контактот со правниците на МЗ усно и писмено им го објаснив проблемот дека Ресен е испуштен во огласот за концесионирање и побарав да биде дополнат спомнатиот оглас.Од тогаш има поминато повеќе од еден месец и немам добиено одговор.

Ординациите што работеа до донесувањето на здравствената мрежа би требало да можат да вработуваат втори лекарски тимови бидејќи тие се веќе во мрежата.
Поздрав Др Методија Пашковски Ресен

Коментари2 коментари

 

  1. radmila.stojanovic напиша:

    Luge dali e vozmozno deka ova ni se slucuva, deka tolku mnogu rabotime i se trosime vo rabotata a ni se stavaat vakvi prepreki za rabota. Ova kako namerno da sakale da bide tolku komplicirano. Nema da zavrsi dobro.

  2. ibraim.ramadani напиша:

    почитувана др.ДЕРВИШОВА ви се обратам вама а можда на грешка треба правник да ми дава одговор на овај мој проблем.
    Еве се приближуав 5 години што имам Пзу со два тима лекар и сестра на една ординација а основачи на Пзу сме двајца лекари а еден лекар со својтсво директор на Пзу.
    Мојото прашање е дека еден лекар оди на пензија со наполнување на годините ѕа пензионирање дали се губи право на концесионетрсво на другиот тим лекар и сестра или треба да формира пак нова пзу и што ќе биде со сестра од тимот лекарот што оди на пензија ?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари