Јавен повик за доделување на концесии за вршење на здравствена дејност од областа на општа медицина на ниво на примарна здравствена заштита

Врз основа на член 316 став (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“, бр. 43/12), Министерството за здравство, објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА КОНЦЕСИИ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНА ДЕЈНОСТ ОД ОБЛАСТА НА ОПШТА МЕДИЦИНА НА НИВО НА ПРИМАРНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

1. Заради обезбедување на квалитетни и континуирани здравствени услуги од областа на општата медицина на ниво на примарна здравствена заштита потребно е да се доделат концесии за вршење на здравствена дејност од областа општата медицина на ниво на примарна здравствена заштита со оглед дека постојните здравствени установи од дејноста што е предмет на концесијата не ги задоволуваат потребите на населението на подрачјето за кое се доделува концесијата и се недоволни согласно утврдениот број на здравствени установи во Уредбата за мрежата на здравствени установи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 81/12), за оваа област на здравствена дејност.

2. Цели кои треба да се остварат со доделувањето на концесијата се:

– обезбедување на соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението од здравствени услуги,

– обезбедување на географска достапност на здравствените услуги,

– обезбедување на здравствени капацитети за вршење на здравствени услуги и

– обезбедување на континуирана и квалитетна здравствена заштита.

3. Предметот на концесијата е вршење на здравствена дејност од областа на општата медицина на ниво на примарна здравствена заштита во општините наведени во овој јавен повик.

4. Концесиите ќе се доделат на новоосновани приватни здравствени установи во примарна здравствена заштита во која работат избрани лекари од областа на општата медицина на ниво на примарна здравствена заштита на соодветен број на тимови и во општините наведени во овој јавен повик, согласно член 316 став (3) од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“, бр. 43/12).

5. Доколку при доделувањето на концесиите за одредена општина се пријават повеќе приватни здравствени установи и физички лица од бројот на тимови за кои ќе се доделува концесија, концесијата ќе ја добие тој што на јавно наддавање ќе понуди највисок износ за надомест за добивање на концесија, што се плаќа еднократно.

Доколку највисокиот износ постигнат на јавното наддавање не биде платен во рок од 3 дена од денот на јавното наддавање, концесијата нема да биде доделена.

Министерството за здравство спроведува јавно наддавање на кое ќе бидат повикани и можат да учествуваат сите приватни здравствени установи и физички лица кои поднеле за таа општина пријава за доделување на концесиите со потребните прилози.

Почетниот износ на јавното наддавање ќе изнесува 800,00 денари и секое следно наддавање може да биде со зголемување на понудениот износ за најмалку 100,00 денари.

Јавното наддавање се спроведува посебно за секој тим во општината каде има повеќе заинтересирани приватни здравствени установи и физички лица од бројот на тимови за кои ќе се доделува концесија и сите пријавени може да учествуваат во наддавањето за секој тим.

6. Висината на месечниот износ за надомест за концесијата ќе се пресметува според географското подрачје врз основа на Правилникот за најнискиот износ на надоместок за концесија за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 67/12) и тоа:

– за здравствени установи со бруто месечен приход од Фондот за здравственото осигурување на Македонија до 40.000 денари, износ од 200 денари,

– за здравствени установи со месечен приход од Фондот за здравственото осигурување на Македонија до 60.000 денари, износ од 400 денари,

– за здравствени установи со месечен приход од Фондот за здравственото осигурување на Македонија до 90.000 денари, износ од 500 денари,

– за здравствени установи со месечен приход од Фондот за здравственото осигурување на Македонија до 120.000 денари, износ од 600 денари, и

– за здравствени установи со месечен приход од Фондот за здравственото осигурување на Македонија над 120.000 денари, износ од 800 денари.

7. Приватните здравствени установи на кои ќе им се додели концесијата за вршење на здравствената дејност и со кој ќе биде склучен Договор за концесија се должни средствата за надоместот за концесија да ги уплаќаат месечно, во денари на соодветна уплатна сметка на Министерството за здравство, во рамки на трезорската сметка.

8. Приватните здравствени установи на кои ќе им се додели концесијата се должни средствата за надоместот за концесија да ги уплаќаат согласно Договорот за концесија.

9. Приватните здравствени установи на кои ќе им се додели концесијата ќе склучат Договор за концесија, врз основа на кој ќе склучат и Договор со Фондот за здравственото осигурување на Македонија, сметано од 1 јануари 2013 година.

10. Концесијата за вршење на здравствената дејност согласно овој јавен повик ќе се додели за период од десет години, при што рокот отпочнува да тече од датумот на потпишување на Договорот за концесија.

11. Физичките лица на кои ќе им бидат доделени договори за концесија ќе бидат должни да основаат приватни здравствени установи во рокот определен од Министерството за здравство.

12. Сите заинтересирани новоосновани приватни здравствени установи и физички лица, ќе можат да ја достават до Министерството за здравство, ул. 50-та Дивизија бр. 6, 1000 Скопје, Република Македонија, најдоцна до 26 дена по објавувањето на јавниот повик, пријава за доделување на договор за концесија (задолжително со назнака за која општина се однесува и е-маил адреса на која ќе биде доставена поканата за учество на јавно наддавање доколку има потреба) со следните прилози:

– за правно лице – Дозвола за работа издадена од Министерството за здравство за новооснованата приватна здравствена установа и договор за работа или изјава за работа на лицата од тимот заверена кај нотар, или

– за физичко лице – лиценца за работа, доказ за располагање со простор и опрема за вршење на дејноста што е предмет на доделување на концесијата и договор за работа или изјава од лицата од тимот заверена на нотар. Во следнава табела се општините и тимови во дејноста општа медицина на ниво на примарна здравствена заштита за кои се доделуваат концесии:
Ред. Бр. Општина/Град Број на тимови
1 Битола 5
2 Могила 1
3 Демир Хисар 1
4 Крушево 2
5 Прилеп 2
6 Долнени 2
7 Кривогаштани 1
8 Велес 5
9 Градско 1
10 Чашка 1
11 Кавадарци 2
12 Росоман 1
13 Неготино 2
14 Кратово 1
15 Крива Паланка 2
16 Ранковце 1
17 Куманово 5
18 Липково 5
19 Старо Нагоричане 1
20 Дебар 2
21 Центар Жупа 2
22 Кичево 1
23 Другово 1
24 Зајас 2
25 Осломеј 2
26 Македонски Брод 1
27 Пласница 2
28 Охрид 4
29 Дебарца 1
30 Струга 5
31 Аеродром 5
32 Бутел 4
33 Гази Баба 5
34 Ѓорче Петров 2
35 Карпош 5
36 Кисела Вода 5
37 Сарај 4
38 Чаир 5
39 Шуто Оризари 7
40 Арачиново 4
41 Студеничани 2
42 Петровец 2
43 Илинден 2
44 Зелениково 2
45 Сопиште 2
46 Чучер Сандево 1
47 Валандово 2
48 Гевгелија 2
49 Богданци 1
50 Радовиш 2
51 Конче 1
52 Струмица 2
53 Босилово 2
54 Василево 3
55 Ново Село 1
56 Гостивар 4
57 Врапчиште 2
58 Маврово и Ростуша 1
59 Тетово 4
60 Брвеница 2
61 Боговиње 3
62 Желино 4
63 Јегуновце 4
64 Теарце 3
65 Берово 3
66 Виница 2
67 Кочани 3
68 Зрновци 1
69 Чешиново-Облешево 1
70 Пробиштип 1
71 Свети Николе 1
72 Штип 4
73 Карбинци 2

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари