Изјава за МТВ во врска со уредбата за мрежа на здравствени установи

На ден 28.08.2012 Претседателката на ЗПЛРМ – Др Лилија Чолакова Дервишова даде изјава за МТВ во врска со проблемите кои се појавија на примарно ниво после стапување на уредбата за мрежа на здравствени установи.

ЗПЛРМ бара од Министерството за здравство уште еднаш да ја преиспита уредбата за на примарно ниво и начинот на кој ќе се вработува доктор на примарно ниво – мора да е брз и ефикасен заради осигурениците.Не смее да остане доктор без работа од некое ПЗУ,ако за докторот има прикрепено осигуреници.

Нашето барање е да ако носителот на концесија оди во пензија,а во истото ПЗУ постои друг доктор со сестра-истиот мора да продолжи со работа без прекин во континуитетот на работењето и пружањето на лекарски услуги. И друг момент, да во едно ПЗУ во примарно ниво,сопственикот сам да одлучува за вработување на втор лекар , бидејќи од истата капитација сопственикот сам ќе си го плаќа вториот тим-нема да е на товар на ФЗОМ.

Наше како Здружение е да ги информираме институциите за нашите проблеми,а истите правилно да ја креираат здравствената политика и навреме да се реагира за новонастанатите проблеми. Нашиот став како ЗПЛРМ е да сите проблеми треба заеднички и партнерски на маса да ги надминеме со искрен дијалог и желба за поместување на нештата во прав правец.

Со почит ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари