Лекарската комора во одбрана на суспендираната докторка
Ова е изјавата која сведокот на настанот во поликлиниката Ѓорче Петров им ја доставил во Здравствен дом Скопје. На неа стои и датумот и архивскиот број.

Дадена е истиот ден кога е донесена одлуката за суспензија на дежурната докторка. Зошто не била земена во предвид директорката тврди дека била дадена откако нивната комисија веќе се произнела за случајот.
-Дали воопшто нема никаква изјава од сведок во Здравствен дом? Значи ви реков додека траеше постапката немаше сведок и немаше изјави. Таа изјава е дојдена во попладневните часови, кога заврши постапката . Зошто не е земена во предвид? Завршена е постапката? –Да завршена е. Ќе се земе ли во предвид таа изјава во понатамошната постапка? Значи тоа оставаме на службите кои што ја водат дисциплинската постапка, рече д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор во Здравствен дом Скопје.
Сеуште се чека на извештајот од комисијата формирана од министертсвото за здравство. Во меѓувреме инволвираната докторка вчера со влошено здравје заврши во Градската болница. По укажаната помош од интернист и психијатар пуштена е на домашно лекување. Доцна попладнево преку писмена изјава доктор Ксенија Мојсовска ја објаснува целата ситуација. Изјавата на докторката се совпаѓа со изјавата на Ѓуреци Севдаи кој пред 2 дена сведочеше пред камерата на Сител. Чекалната цело време била полна. Тоа дежурство прегледала дури 115 пациенти. Искрено жали за изгубениот живот.
-Најодговорно тврдам дека ниту јас, а верувам дека ниту еден мој колега кој ја дал Хипократовата заклетва и со која секојдневно работиме во службата за Итна медицинска помош и со натчовечки напори се бориме за секој човечки живот, би одбил да пружи лекарска помош на лице кое му е потребна доколку околностите му го дозволуваат тоа, стои во писмената изјава на д-р Ксенија Мојсовска.
За случајот реагираше Лекарската комора. На денешниот вонреден состанок на ИО на комората едногласно бил донесен заклучок дека докторката пред време била обвинета.
-Уште пред да се донесат одлуки од сите надлежни институции, колешката пред време е осудена, прекршено е нејзиното уставно право без да се остави да се остави да се формира јавно мислење, рече д-р Ленче Нелоска, потпретседател на Лекарската Комора.
Комората го добила писмото од министерството. Откако ќе ги соберат сите извештаи од комисиите, изјави од докторката и од сведоци, ќе одлучат дали има основ за поведување постапка пред судот на честа за привремено или трајно одземање на дозволата за работа.
Александар Динев
Коментари2 коментари





На ден 24.8.2012 заседаваше Извршниот одбор на ЛКМ и истиот имаше единствен став да мора медиумски да се реагира во врска со настанот за суспендираната докторка.Еднаш мора да се каже СТОП на оваквиот однос кон професијата ДОКТОР.Никој не смее да осудува некого јавно пред тоа да го направат нашите СУДОВИ.Јас се прашувам зошто толку избрзала Директорката на здравствениот дом со оваква одлука,зошто не ја советувале правните служби на Здравствен дом Скопје,дали тие треба да си ја одработат платата која ја земаат на време?Многу грешки аматерски направени,зошто е дадено името на докторката јавно да се бламира?Кој ќе и го плати стресот што го преживеа и јавниот линч,и покрајтоа што прегледала преку 100 пациенти?
Овака ли треба да се грижиме за Докторите во нашата држава кои го лекуваат овој народ?Време е новинарската фела да седне на маса со лекарската фела и да се поразговара за некои суштински работи.Вреди ли да се уништи еден човечки живот само заради новинарска сензација или прикривање на некои неуспешни проекти на одредени институции,па да се фаворизира друга вест?Има многу теми кои треба да си ги поразговараме и да си ставиме Кодекс на однесување и меѓусебно почитување.Работа има за сите.Во оваа наша мала земја има доволно УМ и ПОТЕНЦИЈАЛ за да си ја направиме поубава и поуспешна,но и луѓето да бидат по среќни.Со почит
поддршка за неоправдано обвинетата докторка од Ѓорче Петров, и до ЛКМ која конечно почна активно да се ангажира за сопствените членови.