Половични реакции од еснафските здруженија за Ѕидот на срамот

Здруженијата и синдикатите кои се формирани за да ги штитат правата на лекарите, премолчеа пред ѕидот на срамот. Претседателот на лекарската комора не можел да каже став без тој да биде усвоен од управниот одбор на комората. Од синдикатот на скопските клиники не одговорија на повиците на Алфа, а претседателот на самостојниот синдикат за здравство преку порака ни пренесе да го побараме следната недела бидејќи одморал во Грција. Единствено се одзваа од македонското лекарско друштво и здружението на приватни лекари.

Тофовски вели дека на ѕидот прво треба да се најде фондот за здравство. Според Чолакова во ред е да се казнуваат лекарите и установите кои го прекршиле договорот со Фондот. Единствено му замерува на Фондот што не ги објавил само ординациите, туку и имињата на лекарите. Министерот за здравство Тодоров не сака да се меша во работата на Фондот за здравство. Ѕидот на срамот бил форма преку која Фондот сакал да ги потенцира неправилностите во работењето на лекарите. Од опозициската СДСМ сметаат дека на ѕидот на срамот на прво место треба да биде токму Тодоров, бидејќи негова обврска била да ги заштити угледот и честа на лекарите, па дури и од колегите од Фондот од здравство. На удар на таканаречениот ѕид на срамот на Фондот за здравство први се најдоа 13 лекари и неколку јавни здравствени установи.

Елена Ставровска

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари