Инвестирање во денешната економија и финансиски извори во Македонија за мали и средни претпријатија

Почитувани,

Организаторот „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ Ве повикува да присуствувате на предстојниот Семинар „Инвестирање во денешната економија и финансиски извори во Македонија за мали и средни претпријатија„ кој ќе се организира во Скопје на 20 Јули 2012 г.

Настанот е инициран со актуелниот кредит од 110 милиони евра за поддршка на малите и средни претпријатија од третата кредитна линија на Европската Инвестициона Банка доделен на МБПР – Македонската Банка за Поддршка на Развојот АД. МБПР е развојна и извозна банка чија што стратешка цел е да го поддржува и поттикнува развојот на македонското стопанство преку кредитирање на мали и средни претпријатија и извозни компании. Македонска банка за поддршка на развојот ад Скопје www.mbdp.com.mk е акционерско друштво чиј основач и 100% -тен сопственик е Република Македонија.

Целите на семинарот се:

– искористување на производите и услугите на МБПР од малите и средни претпријатија за поволно кредитирање вклучитечно кредитната линија на Европска Инвестициона Банка,
– представување на достапни фондови на Европската Комисија за финансирање практични и иновативни ЕКО решенија
– инвестирање во денешната економија – презентирање на реализирани проекти и проектни идеи – избор на поволно решение за финансирање
– утврдување методи за планирање и програмирање на инвестицијата, содржина и изработка на одржливи и профитабилни инвестициски програми кои задоволуваат услови за поддршка од комерцијални извори на финансирање
– поддршка и употреба на финансиски производи во тековното работење на претпријатијата: осигурување на домашни и странски побарувања, со цел намалување на ризиците од ненаплата на своите побарувања; факторинг со цел овозможување на краткорочни финансиски премостувања и зголемување на ликвидноста на компаниите.

Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат финансиска поддршка од:
• – Македонска банка за поддршка на развојот www.mbdp.com.mk,
• – комерцијалните финансиски извори и банки во Македонија,
• – програмата за поддршка на инвестициите во Македонија на Федералната Стопанска Комора на Австрија – Investment Project: Macedonia-Austria 2012 повеќе…
• – Турска програма за странски економски релации – Investment Istambul 2012 поддржана од KOSGEB www.kosgeb.gov.tr и DEIK www.deik.org.tr
• – Словенски Инвестициски Фонд – Meta Ingenium www.metaingenium.si
• – достапните фондови на Европската Комисија – CIP – Competitiveness and Innovation Framework Programme.
Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија ќе ги покани носителите на предлог проектите да воспостават директна комуникација со понудувачите на финансирање, или со поддршка од стручните лица во Комората да подготват презентација на проектните идеи за настап пред потенцијалните финансиери, или да се приклучат кон конзорциумот кој ќе аплицира со проекти на отворените повици на CIP програмата.
Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија и заинтересираните прептпријатија, организации и носители на проектите ќе организира презентација на проектите пред инвеститори во:
– Истанбул, Турција во септември 2012 г.- Investment Istambul 2012 ,
– Љубљана, Словенија во октомври 2012 г.- Meta Ingenium presentation Slovenia 2012
– Виена, Австрија во март 2013 г.- Investment Project: Macedonia-Austria 2012
Заинтересираните членки на Комората за учество во најавените презентации во Турција, Словенија и Австрија добиваат -30% попуст.

Настанот ќе се одржи на 20 јули 2012 година (петок) со почеток од 10.00 часот, во Скопје.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на апликацијата (заинтересираните носителите на проекти да пополнат во полето за предлог проектна идеја) дадена во прилог која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8240 или на е-маил: info@sbch.org.mk . рокот за пријавување е 16 Јули 2012 г. Контакт лице: Слободан Софески тел. 070 271 901, (02) 244 8077.

Aplikacija Investiranje i finansiski izvori za mali i sredni pretprijatija

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
www.sbch.org.mk

Коментари (1)

 

  1. D-r Igor напиша:

    …prvo nie 99 % sme mikro pretprijatija, a vtoro ne sme stopanstvo…taka da verovatno povikov i ne e bas za nas…
    ali e dobra ideja da se potrudime da najdeme nekoj nacin na domasno ili stransko kreditiranje na nas kako privatni zdravstveni ustanovi so sto bi si go olesnile egzistiranjeto i razvojot …

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари