Матичните лекари недоволно заработуваат – Нова Македонија

Еден тим, матичен лекар и медицинска сестра од примарното здравство просечно има 92 000 денари фиксни месечни трошоци, покажало истражувањето на „Хелтгрупер“, меѓународен проект за размена на информации од здравството

– Во оваа пресметка не се земени предвид и вариjаблините трошоци кои се различни од ординација до ординација. Матичните лекари, кои несомнено влегуваат во групата претприемачи, имаат реални трошоци за инвестиција во сопствените објекти, и се под постојан притисок од санкции преку кои се контролира нивната работа. Во идеална ситуација ако една приватна здравствена установа се вклопува во просечниот месечен износ на капитацијата добиен според нашето истражување од 111. 972 денари, и ако нема дополнителни трошоци ќе може да и останат на располагање максимум околу 20.000 денари за развој, едукации, инвестиции и слично – велат од „Хелтгрупер“.

Оваа пресметка, додаваат, е под услов платите да останат исти, поточно 20.000 денари нето за доктор, и 14.000 денари нето за медицинска сестра.

– Овие плати се пониски од постоечките плати на лекар и медицинска сестра вработени во државно здравство. Главните забелешки на лекарите во однос на нивните примања се однесуваат на: висината на капитациониот бод, (не) редовноста во исплаќањето на капитацијата, обемната администрација и пречестите посети на пациентите дури кога тоа и не е потребно – додаваат оттаму.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари