Да се воведе партиципација при посета кај матичен лекар!
(Скопје 28 јуни 2012) – Воведувањето на капитацијата во примарното здравство во Република Македонија е најкрупниот и најхрабар политички и реформски чекор кој воопшто се има спроведено во процесот на транзиција и трансформација на македонското здравство. Во периодот од само неколку месеци од 15 септември до 31 декември 2006 година се комплетираше целата приватизација во примарното здравство при што од фиксна и загарантирана плата, докторите кои работат во примарно здравство преминаа на плата во зависност од бројот на пациентите кои го имаат регистрирано на своите листи.
Воведувањето на капитацијата уште на самиот почеток беше проследено со дилеми околу тоа колку всушност заработуваат лекарите. За едни, заработувачката беше голема и прецената, за други ниска и нереална. И покрај тоа што висината на капитациониот поен речиси и да се нема променето во изминатите 10 години, дилемата дали матичните лекари заработуваат “многу” сеуште постои. Healthgrouper.com спроведе истражување помеѓу матичните лекари кои работат во Република Македонија за да се утврди точно колку заработуваат, споредено со трошоците кои ги имаат за одржување на своите работни места.
Истражувањето укажува дека една тим од примарното здравство составен од лекар и медицинска сестра просечно има околу 92 000 денари фиксни месечни трошоци. Во оваа пресметка не се земени во предвид и вариаблините трошоци кои се различни од ординација до ординација. Матичните лекари – кои несомнено влегуваат во групата претприемачи, имаат релани трошоции за инвестиција во сопствените објекти, и се под постојан притисок од санкции преку кои се контролира нивната работа. Во идеална ситуација ако една Приватна Здравствена Установа во примарното здравство се вклопува во просечниот месечен износ на капитацијата добиен според нашето истражување од 111 972 денари, и ако нема дополнителни трошоци, санкции, отплати на кредити ќе може да и останат на располагање максимум околу 20 000 денари за развој, едукации, инвестиции и слично. Оваа пресметка е под услов платите да останат исти поточно, 20 000 денари нето за доктор, и 14 000 денари нето за медицинска сестра. Овие плати се пониски од постоечките плати на лекар и медицинска сестра вработени во државно здравство.
Повеќе може да прочитате на следниов линк: http://healthgrouper.com/mk/page/Capitation-and-expenses
Капитација и трошоци во примарно здравство 2012 – Хелтгрупер




