Соопштение за топлотни бранови
Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи за денес (22. 06.2012) се предвидува топлотен бран од жолта, односно прва-алертна фаза, кој ќе ja зафати територијата на држава, освен југо-источниот регионот кој ги опфаќа градовите Штип, Струмица, Кавадарци, Неготино, Радовиш, Валандово, Демир Капија и Дојран, каде се предвидува топлотен бран од портокалова фаза.
Согласно Акцискиот план, здравствените институции во државата се кадровски екипирани и опремени со потребната терапија за да се справат со евентуалниот зголемен број на пациенти поради високите температури.
Информираме дека за целата држава остануваат да важат општите препораки за намалување на ризици врз здравјето од дејството на топлотниот бран.
Единствено во регионот зафатен со топлотен бран од портокалова фаза, за утрешниот ден покрај општите препораки само за југоисточниот регион се препорачува следното:
1. Се препорачува на работодавците во деновите за кои е најавена портокалофа фаза, да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
2. Се препорачува на работодавците во овие денови да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работааат на отворено со тоа што ќе се одбегнуваат активности во периодот од 11 до 16 часот.
3. Се препорачува на установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 16 часот.
4. Се препорачува на единиците на локална самоуправа, Црвен крст на Република Македонија и Центрите за социјални работи, поактивен пристап и помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.
За сите останати региони остануваат на сила општите препораки за заштита од високите температури:
1. Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.
2. Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината), а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
4. Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
5. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
6. Хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се :
– задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
– Термичка подготовка на храната и нејзино конзумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
– Да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната http://www.toplotnibranovi.mk, а граѓаните дополнитени инфо може да добијат и на БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОН на Црвениот Крст на РМ – 02/ 32 21 902 (од 10-18 часот).
Oddelenie za odnosi so javnosta
Ministerstvo za zdravstvo
http://www.moh.gov.mk




