Семинар и Свечено Собрание „Стандарди за одржливи проекти на енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија„

Почитувани,

Организаторот „Стопанската Комора на Мал Бизнис на Македонија„ Ве повикува да присуствувате на предстојниот Семинар и Свечено Собрание „Стандарди за одржливи проекти на енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија„ кој ќе се организира во Скопје на 22 Јуни 2012 г.

Настанот во координација со иницијативата Sustainable Energy Europe представува официјален EUSEW Energy Day 2012 Macedonia во рамките на годинашната Sustainable Energy Week 18-22 June 2012.

Секоја година стотици организации и поединци учествуваат во манифестацијата EU Sustainable Energy Week (EUSEW) http://eusew.eu/energy-days-europe со организирање на настан Energy Day или активности на кој се промовираат енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

Преку овие настани и активности, организаторите на EUSEW Energy Days, ги поврзуваат директно граѓаните со клучните комерцијални и институционални енергетски чинители на локално, регионално и национално ниво.

Агенда на настанот:

1. Свечено Собрание на Стопанската Комора на Мал Бизнис,
2. Одржлив развој – Зелена економија, М-р Христина Оџаклиевска
3. Системи за менаџмент на енергија во согласност со стандардот ISO 50001:2011, М-р Митре Арсовски
4. Фотоволтаици – економска оправданост и примена – М-р Петре Ристески
5. Далечинско управување на улична расвета – економски ефекти и заштеда на енергија – ВИНТ, Скопје
6. Информација за отворениот повик за ЕКО-Иновации на CIP програмата на Европската Комисија, отворен на 8 мај 2012 год, а крајниот рок за аплицирање е 6 септември 2012 година.
7. ИЗБОР НА ИНВЕСТИТОР И ИНВЕСТИЦИЈА МАКЕДОНИЈА –АВСТРИЈА 2012 Investment Project: Macedonia-Austria 2012 повеќе…

Учесниците на настанот, пред потенцијалните партнери и спонзори, ќе можат да ги промовираат своите проекти и идеи за проекти кои можат да добијат поддршка од достапните фондови за енергетска ефикасност на Европската Комисија – CIP – Competitiveness and Innovation Framework Programme.

Стопанската Комора за Мал Бизнис на Македонија ќе ги покани носителите на предлог проектите да се приклучат кон конзорциумот кој ќе аплицира со проекти на отворениот повик ECO Innovation за проекти за 2012, со рок на аплицирање до 6 септември 2012 год. Повикот е отворен за еко-иновативни производи, техники, услуги и процеси кои имаа цел да се спречат или намалат влијанијата врз животната средина, или кои придонесуваат за оптимално користење на ресурсите.

„ECO Innovation Initiative„ http://ec.europa.eu/environment/eco-innovation/ се води од Executive Agency for Competitiveness and Innovation (EACI) во името на Европската Комисија, со цел да се премости јазот помеѓу истражувњето и пазарите. Малите и средни претпријатија играат главна улога во овој поглед. Ова е причината зошто се дава приоритет на проекти презентирани од страна на мали фирми. Помеѓу 2008 и 2013 година речиси € 200,000,000 се достапни за финансирање на проекти во рамките на еко-иновации иницијатива.

Настанот ќе се одржи на 22 јуни 2012 година (петок) со почеток од 10.00 часот, во Скопје.

Ве молиме да го пријавите Вашето присуство со пополнување на апликацијата дадена во прилог која ќе ја доставите на факс: (02) 244 8240 или на е-маил: info@sbch.org.mk . рокот за пријавување е 15 Јуни 2012 г. Контакт лице: Слободан Софески тел. 070 271 901.

Апликација стандарди за проекти на енергетска ефикасност

Со почит,

Стопанска Комора на Мал Бизнис
бул.Јане Сандански 113
1000 Скопје

info@sbch.org.mk
http://www.sbch.org.mk

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари