Известување за спроведување на обука за заштита на личните податоци

Почитувани,

Дирекцијата за заштита на личните податоци е самостоен и независен државен орган кој се грижи за остварувањето на правото на заштита на личните податоци во Република Македонија.

Дирекцијата за заштита на личните податоци покрај надзорната функција (репресивна) при обработката на личните податоци, врши и промовирање на правото на заштита на личните податоци (превентивна функција) преку подигање на јавната свест и обезбедување на обуки за контролорите на збирки на лични податоци и обработувачите на збирки на лични податоци, па во таа насока согласно Годишната програма за обуки за 2012 година кај контролорите односно имателите на збирки на лични податоци предвидува обуки за заштита на личните податоци.

Со овој допис би сакале да Ве поканиме да земете учество на обуката што ќе се одржи на ден 20.06.2012 година (среда), а на која ќе бидат разработени прописите за заштита на личните податоци во областа на здравството со што ќе се придонесе кон Вашето усогласување со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.

Станува збор за еднодневна обука која започнува од 10 часот и завршува во 15 часот, а се спроведува во просториите на Дирекцијата која се наоѓа на ул.Самоилова бр.10, зграда на Рубин Кармин кај Кале (до црквата Св.Спас на патот кој води кон американска амбасада). При завршувањето на обуката на сите учесници коишто присуствувале им се издава Сертификат за учество на обука од областа на заштитата на личните податоци.

За спроведувањето на обуката во прилог Ви доставуваме:

– Договор за спроведување на обуката, истиот заведен, потпишан од страна на овластеното лице, во два примерока да го донесете во Дирекцијата на денот на одржување на обуката;

Договор за спроведување на обука

– Пример-Копија од Налог за уплата на средства во висина од 3000 денари по учесник да доставите на денот на одржување на обуката и

Налог

– Агенда.

агенда за 20.06.2012

Согласно Одлуката за определување на висината на трошоците за вршење на обуки (Службен весник на РМ бр.148/2010), а во врска со член 41 став 3 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РМ бр.7/05, 103/08 и 124/2010), трошоците за вршење на генеричка/специјализирана обука за заштитата на личните податоци изнесува 3.000 денари по учесник на обука.

Доколку до сега немате земено учество на наведените обуки, Ве повикуваме истото да го сторите со пријава на страната на дирекцијата http://www.dzlp.mk или дирекно кај лицето Сања Николовска на тел.02/3230-635 или на е-маил адреса sanja.nikolovska@privacy.mk

Однапред Ви се заблагодаруваме за Вашата соработка,

Сања Николовска
Дирекција за заштита на личните податоци
Ул. Самоилова бр.10 Скопје
Република Македонија

Sanja Nikolovska
Directorate for Personal Data Protection
Address Samoilova 10 Skopje
Republic of Macedonia

Tel. +389 02/ 3230-635
Fax. +389 02/3230-635

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари