Покана за Првиот конгрес на здружението за Хематологија на Македонија и за седмиот балкански ден на хематологијата

Почитувани колеги и пријатели,

Ни претставува особено задоволство и чест да ве поканиме, во името на Здружението за хематологија на Македонија, да учествувате во работата на Првиот Конгрес за хематологија на Македонија и на Седмиот Балкански ден за хематологија, професионален собир кој ќе се одржи во периодот помеѓу 4 и 7 октомври 2012 г., во просториите на Македонската Академија на науките и уметностите во Скопје.

Сите релевантни податоци и информации за конгресните настани, со содржини кои ќе бидат континуирано надградувани, ќе ги најдете на веб страната на Конгресот:

http://www.zhm.mk/MK/dobredojdovte.aspx или
http://hematology2012.mk/MK/dobredojdovte.aspx

Ве покануваме да ги поднесете вашите трудови, преку кои ќе ја презентирате сопствената работа во полето на хематологијата, како и да земете активно учество во дискусиите и дебатите, во кои размената на искуствата и сознанијата ќе претставува, како ваш личен придонес, така и забележителен составен елемент на овој значаен професионален настан.

Ве очекуваме и се надеваме на ваше активно учество на Конгресот.

Проф. Д-р. Оливер Каранфилски
Претседател на Организациониот одбор на Конгресот

Проф. Д-р. Александар Стојановиќ
Претседател на Научниот одбор на Конгресот

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари