Соопштение од ЗПЛРМ по однос предлог мрежата на здравствени установи

До Г-дин Премиер на РМ
До Г-дин Министер за здравство
До Г-ѓа Директор на ФЗОМ
До Лекарска Комора на Македонија

Соопштение од ЗПЛРМ

ЗПЛРМ во врска со предлог мрежата на здравствени установи на територија на РМ предлага:

1.Одложување на предвидените активности во период од 1 месец-бидејќи ова е период кога се конституира Лекарската Комора на РМ со нови структури.

2.Бараме активно учество на сите професионални здруженија заедно со Министерство за здравство и ФЗОМ.

3.Нудиме активна соработка во изготвување на сите анализи за цела територија на РМ.

4.Сметаме да овие наши барања би придонеле за изготвување на квалитетна здравствена мрежа која би функционирала во наредниот период и би имала економска издржливост на системот.

5.Опстојувањето на лекарската фела е од Национален стратешки интерес и не би смеело да има враќање назад ,туку сите заедно да чекориме напред.

Со почит,
Управен одбор на ЗПЛРМ
Претседател
Др Лилија Чолакова Дервишова
Дата 08.06.2012

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари