Конститутивно собрание на лекарската комора на Македонија

Професор д-р Кочо Чакалароски избран за претседател на Комората

На конститутивната сеница на Собранието на Лекарската комора на Македонија одржана на 29.05.2012 година во Скопје за претседател на Комората со четиригодишен мандат е избран професор д-р Кочо Чакалароски од Универзитетската клиника за нефрологија – Скопје. Од присутните 62 члена на Собранието за него гласаа 43 делегати.

Во трката за избор на претседател беше и д-р Билјана Илиевска Поповска од Институтот за ТБЦ во Скопје .Претходно своите кандидатури за оваа функција ги повлекоа д-р Оливер Станков, д-р Идриз Орана, проф.д-р Звонко Миленковиќ и д-р Лилија Чолакова- Дервишова.

Во овој мандат со Собранието на Лекарската комора на Македонија ќе претседава д-р Влатко Миташев, а за потпретседатели на Комората се избрани д-р Ленче Неловска и д-р Џабир Бајрами.

Собранието го избра Извршниот одбор на Лекарската комора на Македонија во следниот состав : д-р Игор Николов, д-р Билјана Петковска Огњановска, д-р Ѓеорги Петков, д-р Маријан Шокаровски, д-р Боро Илиевски, д-р Игор Дабески, д-р Илберт Адеми, д-р Мухамед Хасани, д-р Лилија Чолакова- Дервишова и д-р Идриз Орана.

Делегати од приватен сектор во новото собрание на ЛКМ

1.Др Лилија Чолакова Дервишова-Велес
2.Др Милорад Ристески-Скопје
3.Др Биљана Огњанова Петковска-Скопје
4.Др Зорица Јовановска-Куманово
5.Др Вера Танциќ-Скопје
6.Др Петар Атанасовски-Крива Паланка
7.Др Ангел Спасов –Радовиш
8.Др Беќим Исмаили-Тетово
9.Др Муарем Салиу-Гостивар
10.Др Влатко Симоновски –Кавадарци
11.Др Љупчо Стојковски-Скопје
12.Др Љупчо Арсовски –Свети Николе
13.Др Мики Мирчев-Неготино
14.Др Јован Тодоровски-Битола
15.Др Игор Дабески-Македонски Брод

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари