Предлог уредба за здравствена мрежа

Почитувани колеги

Разгледајте ја предлог мрежата и ќе Ве молам пратете ги Вашите коментари до Министерство за здравство.Во наш интерес е.

Со почит

Почитувани,

Ви го претставуваме предлог-текстот на Уредбата за здравствената мрежа на Република Македонија. Министерството за здравство ги повикува сите заинтересирани, а особено стручната јавност да ни достават предлози и сугестии по истата на е-маил: contact@mz.gov.mk . Ве молиме сугестиите да бидат аргументирани, а по можност поткрепени со меѓународни искуства и компаративни податоци.

Предлог текстот може да го превземете на следниот линк:

Здравствена Мрежа

Министерство за здравство ќе ги разгледа сите доставени сугестии.

Со почит

Министерство за здравство

Коментари2 коментари

 

  1. Mito напиша:

    Немам некои генерални забелешки во однос на мрежата,туку имам забелешка на нешто друго.Кога си реков дека со осигурувањето за одговорност од штета белки ке биде последна давачка,не помина ни неколку дена за да ме демантира Министерството за здравство и укаже дека не била последна.
    –Здрвствените уставови од став 1 и 2 на овој член, се должни да склучат договор за концесија со Министерството за здравство по стапување во сила на мрежата.Од денот на утврдувањето на мрежата на здравствените установи од
    ставот (1) на овој член, дозволи за работа на здравствени установи во
    мрежата ќе се издаваат за јавни здравствени установи и за приватни
    здравствени установи кои ќе вршат дејност врз основа на концесија, само
    доколку тоа е утврдено со мрежата.
    Од денот на стапување во сила на оваа уредба Фондот може да
    склучи договор со здравствена установа само по претходно потпишан
    договор за концесија и тоа за период од најмногу една година.
    Доколку договорот за концесија е за период подолг од една година,
    Фондот склучува едногодишни договори, кои се обновуваат за времето на
    траење на договорот за концеија, при што услов за склучување на договор
    за следната година е исполнување на обврските од договорот склучен со
    Фондот, обврските од договорот склучен со Министерството за здравство
    и доказ за платен концесиски надоместо за претходната година, издаден од
    Министерството за здравство.
    Значи .уште една нова давачка за концесиски надомест.Има ли крај оваа?

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари