Анкета
Почитувани колеги,
ЗПЛРМ во соработка со Хелтгрупер прави анкета за одредени прашања. Истите ќе ни послужат за идно презентирање на нашата состојба пред релевантните институции. Анкетата можете да ја пополните на следниот линк: Анкета
Со почит
Коментари3 коментари





Почитувани колеги,
Со оваа анкета имаме можност да направиме едно појаснување за реалноста на заработувачката на приватните лекари.
Исто така и секој да се замисли каде и колку троши месечно.Се разбира дека секој има различни трошоци и различен прилив, но ориентационо ќе се направи една слика и ќе се демантира “збогатувањето” на матичните лекари.
Во трошоците во анкетата не е одфатено се и треба да се објасни дека има и други трошоци освен наведените.
Моето лично мислење е дека поради погрешно презентираната состојба во јавноста дека приватните лекари многу заработуваат настанаа безброј проблеми, пред се влошување на односите со лекарите од јавното здравство.
Елица Станишлевиќ
баш заради тоа е анкетата валидна, секој може да наведе сите трошоци и колку останува на крај вишок од целата капитација…и не се плашете никој нема да знае колку е вашата плата конкретно…анкетата е анонимна и служи за оценка на целокупната ситуација во ПЗЗ. Не барајте само „рачки“ за да не ја направите анкетата … таа е одлична алатка
Анхетата воопшто не е валидна бидејќи не е важна мојата плата т.е. сумата на која јас сум се осигурала туку вкупниот износ на пари кои ги добивам од ФЗО. Исто така важни се и вкупните трошоци кои ги правам во тек на месецот за да овозможам нормално функционирање на амбулантата. Затоа што не е сеедно кога се работи во центарот на градот и кога секој ден треба да се поминат 50 км. пат, а се работи за средина со ограничен број на луѓе каде што во никој случај не може да се исполни бројот на пациенти.