Измени во Правилникот за начинот на остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице

Согласно најновите измени во Правилникот за начинот на остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице (прилог), документот „Наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице“, изготвен од стручна комисија, задолжително се доставува како дел од првичната документација што се поднесува до центрите за социјална работа, заедно со барањето за остварување на правото.

Ве известуваме дека комплетната документација подлежи на ревизија, при што во контролата за периодот од последните 12 месеци се утврдени одредени недоследности во примената на Правилникот.

Имено, меѓу почесто констатираните состојби се упатните дијагнози кои не се предвидени во Листата на трајни и привремени промени на здравствената состојба, дадена во Прилог 8 од Правилникот.

Во таа насока, Ве замолуваме при понатамошното постапување да се посвети особено внимание на доследната примена на одредбите од Правилникот во делот на реална проценка на функционалната состојба на пациентот преку точно пресметан и целосно евидентиран Бартелов индекс и соодветна упатна дијагноза за привремени и/или трајни промени на здравствената состојба.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари