Одлично организиран Првиот симпозиум на Здружението на приватни лекари „Како до подобро здравје“
Помина тродневниот прв Симпозиум на приватни лекари во РМ.
Одлично организиран,одлична позитивна енергија ,учество на 200 матични лекари,интересни теми,врвни предавачи!!!
Има огромен потенцијал во примарното здравство.
Голема благодарност до сите панелисти на нашата округла маса- Директорот Сашо Клекоски,бивши директори на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова,Бранко Аџигогов, Претседателот на приватни гинеколози Др Ѓорѓи Костадинов и претставникот на СЗО во Македонија Г дин Аким Али.Модератори на настанот беа Др Игор Дабески и јас како Претседател на ЗПЛРМ.
Благодарност до цел организационен и научен одбор.
Благодарност до сите учесници на настанот!
Благодарност до фармацевските куќи кои го поддржаа настанот!
Благодарност до Глобал нет како организатор!!!
ВИ ПРЕНЕСУВАМЕ ДЕЛ ОД АТМОСВЕРАТА



Претставникот на Светска здравствена организација (СЗО), д-р Аким Али учествуваше на тркалезната маса на тема:
„Предизвиците со кои се соочуваат ПЗЗ лекарите и нивните ординации со визија за подобро здравје и подобри услуги за пациентите“
Во дискусијата беа истакнати клучни приоритети за зајакнување на примарната здравствена заштита:
Јасно дефинирање на услугите покриени од Фондот за здравствено осигурување, со транспарентност во плаќањето и придобивките за пациентите
Разграничување на опсегот на услуги помеѓу општ доктор и доктор по семејна медицина
Поедноставување на договорите и нивно насочување кон резултати, со посебен фокус на превенција (намалување на ризик фактори, поддршка на скрининг програми и сл.)
Потребни се континуирана комуникација, соработка, заеднички пристап и компромис помеѓу сите заинтересирани страни со цел унапредување на квалитетот на здравствените услуги во ПЗЗ




Проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарската комора, се обрати на отворањето на Првиот симпозиум на Здружението на приватни лекари на Р Македонија, што се одржува во Струга од 17 до 19 април 2026 година.
„Овој настан е симбол на еден нов почеток, на здружена енергија и на јасна визија за унапредување на здравствената заштита во нашата земја, во што вие, лекарите од приватниот сектор, како носители на еден од столбовите на нашиот здравствен систем, имате есенцијална улога. Токму затоа, Лекарската комора секогаш ќе биде ваш партнер и поддржувач. Нашата цел е заедничка – да обезбедиме услови во кои секој лекар ќе може да работи достоинствено, според највисоките етички и стручни стандарди, и да добие валоризација за својот труд. Овој симпозиум е важен бидејќи овозможува размена на знаење и мрежно поврзување, како простор каде што можеме да ги споделиме нашите искуства, да учиме едни од други и да изградиме цврсти мостови на соработка и заедничко дејствување“, истакна проф. д-р Гривчева Старделова на отворањето на настанот.











































