Второто соопштение со информации за претстојниот Симпозиум
Почитувани колеги,
Во прилог ви го доставуваме Второто соопштение со информации за претстојниот Симпозиум кој ќе се одржува 17-19.04.2026, како и со утврдените рокови за уплата на рана котизација по поволна цена.
Рокот за уплата на рана котизација е 16.03.2026 и ве охрабруваме навремено да ја извршите уплатата со цел да ги искористите бенефитите од намалената цена.
Воедно, ве потсетуваме и на обврската за подмирување на годишната членарина кон Здружението. Навремената уплата на членарината овозможува користење на сите права и поволности предвидени за членовите, вклучително и намалена котизација за настаните во организација на Здружението.
Ве молиме, доколку веќе сте извршиле уплата, да го занемарите ова потсетување.
Дополнително, во соопштението има наведено и насоки за пријава за работилниците. Со оглед на ограничениот број на учесници, ве молиме навремено да го резервирате вашето место.
Прелиминарната програма ќе биде објавена на веб страницата на настанот: https://zplrm2026.mk/.
За дополнителни информации, обратете се до агенцијата Глобал Нет Адв: Марјан Димески 071/317-377 или Лара Велевска 070/392-638 или на емаил: globalneta@gmail.com и/или globalnetadv@globalnetadv.mk
Со почит,
Организационен одбор на Првиот Симпозиум









