Здружение на приватни лекари на Р.Македонија – ЗПЛРМПрв Симпозиум „Како до подобро здравје“

Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам на

Првиот Симпозиум на Здружението на приватните лекари на Р. Македонија – “ЗПЛРМ” “КАКО ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ”

Здружението, повеќе од три децении претставува важен столб во нашата професионална заедница. Нашата сила е во членството кое брои повеќе од 1400 приватни лекари од областа на општа-семејна медицина, интернисти, кардиолози, ендокринолози, гинеколози и акушери, како и други специјалности.

Поставеноста со Координатори во скоро секој град низ Македонија, овозможува побрзо пренесување на информации помеѓу членството и од нив до Управниот одбор.

Мисијата на Здружението отсекогаш била насочена кон унапредување на здравствениот систем, подобрување на стандардите во нашата професија и континуирана борба за повисок квалитет на услугите.

Во текот на овие 30 години, преку бројни иницијативи, активности и професионални заложби, ЗПЛРМ ја градеше својата улога како незаменлив партнер во развојот на здравството и како поддршка на секој стручен кадар кој се стреми кон подобрување на својата работа.

Овој Симпозиум не е само формален собир – тој претставува значаен чекор напред кон зајакнување на нашата професионална заедница, унапредување на знаењето и создавање платформа каде секој од нас може да придонесе, да научи и да се поврзе со колеги со иста визија и ист стремеж.

Нашата професија бара посветеност, континуирано надградување и меѓусебна поддршка. Токму затоа, овој Симпозиум претставува место каде што идеите се претвораат во заедничка сила, а искуствата во водилка кон подобра практика, подобри стандарди и подобри резултати за сите оние на кои им служиме.

На овој Симпозиум ќе се обработуваат теми од нашето секојдневно работење, и тоа проблемите во неврологијата, дијабетот, педијатрија, кардиологија и ендокринологија- области кои директно влијаат врз здравјето на нашите пациенти.

Токму затоа ги избравме овие теми како фокус на овој настан.

Учеството на околу 300 доктори и други медицински лица, како и предавањата на еминентни експерти и фармацевтските компании, претставува доволна причина и вие да се вклучите активно во овоја настан.

Однапред сакам да искажам искрена благодарност до сите предавачи, учесници и гости како и компании кои ќе не поддржат и ќе помогнат со своето присуство да го збогатите овој настан со што ќе му се даде вистинско значење.

Убедена сум дека вашите предавања, дискусии и размена на искуства ќе отворат нови перспективи и ќе ни помогнат да продолжиме уште посилни, уште пообединети и уште повлијателни во нашата област.

Нека ова биде прв од многу симпозиуми кои ќе ја подигнат професионалната култура, ќе создадат нови партнерства и ќе го унапредат квалитетот во нашата работа.

Претседател на ЗПЛРМ
д-р Лилија Чолакова Дервишова-
специјалист по Семејна медицина

Научен одбор

  • Д-р Лилија Чолакова Дервишова
  • Д-р Лидија Ристовска
  • Д-р Мирослав Бошковски
  • Д-р Перо Пењушков
  • Д-р Ејуб Ѓулша
  • Д-р Абиб Мулаи

Oрганизациски одбор

  • Д-р. Мевљудин Коч
  • Д-р Светлана Трифуновска
  • Д-р. Љупчо Стефановски
  • Д-р Христина Лескароска
  • Д-р Татјана Блажевска
  • Д-р Иле Стаменковски

ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИ

Поднесувањетo на апстрактите се врши електронски со праќање на мејл до gnaapstrakti2@gmail.com, со користење на прикачениот образец од веб страната:

www.zplrm2026.mk

Апстрактите треба да бидат напишани во фонт Times New Roman со 12 големина на букви, со единечен проред и во А4 формат.

Апстрактот треба да содржи: наслов, имиња и презимиња на авторите (да се подвлече носителот на трудот), Институција од која доаѓаат,а содржината на апстрактот да биде мин. 200 и макс. 300 зборови со најмногу 5 клучни зборови.

Апстрактите треба да бидат што е можно поконцизни и истите е препорачливо да бидат конципирани со воведен дел и цели, методологија (доколку е применлива), резултати и дискусија, заклучок и литература (најмногу две цитирани референци, Harvard style)

Апстрактите треба да бидат напишани на македонски јазик.

Во прилог е пример за правилно поднесен апстрактите (линк до примерот).

При поднесување на апстрактите, авторот треба да избере дали сака усна или постер презентација.

По рецензирање на апстрактите, Научниот одбор го задржува правото одреден апстракт да го префрли од усна во постер презентација.

Усните излагања може да се на мајчин јазик, но презентациите МОРА ДА БИДАТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК – напишани во Пауер Поинт (power point), во 16:9 формат).

Постер презентациите ќе се изведуваат исклучиво електронски на LCD екрани и затоа истите треба да бидат направени во размер 16:9 и резолуција мин. 300 dpi (.pdf формат). За сите прифатени АПСТРАКТИ, одлука ќе донесе Научниот одбор.

  • КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПСТРАКТИТЕ: 05.03.2026 год.
  • КРАЕН РОК ЗА ПОТВРДА НА ПРИФАТЕНИТЕ АПСТРАКТИ: 10.03.2026 год.

НАПОМЕНА:Прифатените усни и постер презентации, овозможуваат соодветни бодови од акредитацијата на настанот, НО САМО ЗА НОСИТЕЛОТ НА ТРУДОТ

Во Книгата на апстракти ќе бидат објавени Само прифатените апстракти
ЗА КОИ НОСИТЕЛОТ НА ТРУДОТ ИМА ПЛАТЕНА/ОБЕЗБЕДЕНА КОТИЗАЦИЈА.

Стиснете тука за регистрација

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари