Повеќе лекари за руралните подрачја
Една од мoите први активности во Фонд за здравствено осигурување на Македонија, во соработка со Здружението на приватни лекари (Zplrm), беше подобрувањето на условите за работата на матичните лекари во руралните подрачја.
Во таа насока зголемен е надоместокот за овие лекари и е овозможено функционирање на ординациите со нецелосен тим.
Исто така е капитацијата на матичните лекари се зголеми за историски 33%, како чекор на засилување на примарната здравствена заштита.
Во моментот од 96 планирани матични лекари во рурални подрачја, функционираат 44, а недостасуваат 52.
Фондот има намера да спроведе измени за дополнителна либерализација на критериумите, отстранување на постојните пречки и олеснување на отворањето нови ординации во руралните средини.
 Во рамки на оваа иницијатива, Фондот ги повикува: матичните лекари кои веќе работат во рурални ординации; докторите заинтересирани да работат во рурални средини; и жителите на руралните подрачја, да ги достават своите мислења, предлози и сугестии.
Предлози може да се испратат до 1 ноември 2025 година на е-пошта: ruralno@fzo.org.mk.
Сите пристигнати предлози ќе бидат внимателно разгледани.
Фондот останува посветен на создавање услови за правична, достапна и квалитетна здравствена заштита за сите граѓани!










