Лекарската комора е домаќин на овогодинешниот ЗЕВА Симпозиум
Лекарската комора на Република Северна Македонија е домаќин на овогодинешниот ЗЕВА Симпозиум кој се одржува на 5 и 6 септември 2025 година во хотел „Лимак“, во Скопје. На настанот се присутни претставници од лекарските комори од 12 земји од Централна и Југоисточна Европа кои дискутираат клучни теми за развојот на медицинската професија и здравствените системи.
На Симпозиумот се обработуваат четири главни теми што се од особена важност за иднината на здравствениот систем и медицинските комори. Првата сесија е посветена на примената на вештачката интелигенција во медицината, односно како новите технологии може да ја подобрат дијагностиката, третманот и администрацијата во здравството. На втората сесија се дискутираше за улогата на младите лекари и нивната инволвираност во работата на коморите. Третата сесија беше посветена на вклученоста на коморите во планирањето на здравствениот кадар, како и за стратегиите што се применуваат во различни земји за подобрување на ефикасноста во управување со човечките ресурси во здравството. Посебно внимание се посветува и на признавањето на дипломите од странските држави, бидејќи тоа е важно за мобилноста на лекарите и соработката меѓу земјите.
Повеќе на https://shorturl.at/oklge














