Изјава за проектот „Е-Рецепт“ на Д-Р ЛИЛИЈА ЧОЛАКОВА ДЕРВИШОВА

Проект „е-рецепт“. Нема повеќе да чекате за да си го земете лекот од аптека, туку, веднаш ќе можете да си го подигнете, сега, а не за 24 часа од неговото препишување. 

Оваа нова можност е во фаза на тестирање, а надлежните уверуваат дека за скоро ќе биде функционална за граѓаните и лекарите. Д-р Лилија Чолакова Дервишова од Здужението на матични лекари вели дека се задоволни што нивното барање конечно ќе се реализира, и сметаат дека најголем бенефит ќе имаат пациентите.

Од Фондот велат дека со „е-рецепт“ ќе се олесни и начинот за контрола, и за нив и за аптеките. Бројот на издадени рецепти бележи континуиран раст, па само минатата година издадени се еден милион повеќе рецепти споредено со претходната година, иако бројот на резидентно население се намалува.

Пресметките на Фондот покажуваат дека лани секој осигуреник во просек подигнал по 14 рецепти, што е зголемување од четири проценти споредено со претходната 2023 година. За оваа намена потрошени се нешто повеќе од 53 милиони евра или околу 10% повеќе од претходно.

Речиси третина од таа сума, односно 14 милиони евра, завршиле за лекови за кардиоваскуларни заболувања, а најчесто препишувани биле лековите „метформин“, „еналаприл“ и „диазепам“.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора За Здравје

Регистрирај се!
Министерство за Здравство
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари