Потсетување за новиот правилник за боледување
Почитувани колеги,
Едно потсетување
Од 01.04.2012 година сите доктори во РМ треба да го применуваат новиот правилник за боледување.Во Скопје беа повикани сите координатори по градови на ЗПЛРМ и им се презентираше се за новините. Презентациите се одржаа во просториите на Централниот ФЗОМ. На сите присутни им се даде ЦД со сите новини и правилници. Координаторите беа должни истиот материјал да го испратат до своите колеги по градови. Истиот материјал е ставен на сајтот на ЗПЛРМ.
Во случај да има некои нејаснотии околу боледувањата слободно може секој да ги контактира докторките од ФЗОМ на следните мејлови и телефонски – на бројот 080033222 кој е бесплатен.
Д-р Силвана Андов silvanaa@fzo.org.mk
Д-р Весна Ефремова-Стефаноскa vesnae@fzo.org.mк
Д-р Љубинка Анастасова ljubinkaa@fzo.org.mk
Д-р Јасминка Трајкоска-Спасовска jasminkat@fzo.org.mk
тел: +389 23 28 9053 / факс: +389 23 28 9011
На следните линкови повторно можете да ги превземете документите кои што се поврзани со критериумите за боледување.
Правилник за утврдување на привремена спреченост за работа
Гинеколошки допис за критериуми
Едукација – критериуми за привремена спреченост за работа
Конзилијарно мислење – боледување
Со почит




