Известување и доставување на Предлог на предлог на надлежниот матичен лекар за утврдување инвалидност (Образец П-8)
Почитувани,
Во прилог ви го праќам Известувањето бр. 03-11304/1 од 07.06.2023 година со кој ви го доставуваме новиот образец П-8 со наслов „Предлог на надлежниот матичен лекар за утврдување на инвалидност и предлог за утврдување на инвалидност од лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија”, кој ни е доставен од страна на Министерството за труд и социјална политика, кoe врз основа на член 112 став 4, член 117 став 3 и член 126 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, донесе Правилник за образецот на барањето и потребната документација за утврдување на стаж на осигурување со зголемено траење, образецот на барањето и потребната документација за исплата на посмртна помош од средствата на солидарниот фонд, образецот на барањето и потребната документација за остварување на право на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија и паричен надоместок за телесно оштетување, барањето и потребната документација за утврдување на инвалидност, образецот на предлогот за утврдување на инвалидност од надлежниот матичен лекар и предлогот за утврдување на инвалидност од лекарската комисија на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и образецот на предлогот на работодавачот за утврдување на инвалидност на осигуреникот („Службен весник на РСМ” бр. 99/2023) година.
Врз основа на погоренаведеното, теркот на образецот П-8 ви го доставуваме за ваше информирање и примена при тековното работење и ве замолуваме да го доставите до вашите членови. Ја замолуваме и Лекарска комора на Македонија овој образец да го достави и до Здружението на лекари Албанци и до Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина, со цел истите благовремено да бидат известени за новините. Додека пак раководителите на Подрачните служби на Фондот ги замолуваме да ги достават образецот до членовите на лекарските комисии кои работат во рамките на нивната подрачна служба.
Ви благодариме на соработката и разбирањето.
Со почит,
Правен сектор
ФЗОРСМ




