Барање за промена на скалесто плаќање за рурални амбуланти
Почитувани,
Во последниве години имаме тренд на масовно иселување, особено во југоисточниот дел од Македонија. Од друга страна сведоци сме дека многу од селските и рурални амбуланти се затворија заради нерентабилност.
Во моментов се водат реформи предводени од Светската Здравствена Организација која особен интерес дава на зачување на докторите во руралните средини особено заради оганичените можности на луѓето кои живеат во ваквите средини. Овој проблем беше изложен и на Третиот национален форум одржан деновиве во Александар Палас каде ни беше образложено дека барањето е реално но треба официјално да биде поднесено до Фонд за здравствено осигурување на РСМ.
Бараме:
1.Укинување на скалесто плаќање и исплаќање на максималната сума од скалата со над 700 бода како би ги задржале докторите во руралните средини, а воедно би привлекле и доктори да отворат амбуланти во неиздадените под закуп рурални амбуланти.
2.Промена на начинот на плаќање за докторите во селска средина, а кои не се рурални амбуланти или ако тоа е посложено -дополнители стимулации за материјални трошоци и превоз како би ги задржале докторите таму.
Со прифаќање на овие барања ќе се овозможи опстанок на повеќе амбуланти кои се на работ на егзистенцијата, а се со цел да се овозможи поквалитетна здравствена заштита на луѓето од овие оддалечени средини кои заради превозот се во многу неповолна состојба заради ограничениот пристап до здравствена заштита.
Однапред ви благодариме,
ЗПЛРМ




