Состанок со Директорот на ФЗОМ

Почитувани колеги,

на ден 26.05.2023 година се реализираше работен состанок со Директорката на ФЗОМ Магдалена Грашкоска и Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова и др Љупчо Стефановски Потретседател во ЛКМ за примарно здравство. 

Се отворија многу теми кои се многу важни за опстанокот на примарното и приватното здравство:

1.Пациенти на ПЗУ – заради финансика стабилност на фирмите

2.Долготрајни боледувања кај приватни доктори – мора промена во нашите договори

3.Да профункционира и да важи интерспецијалистички упат/помалку ќе се шетаат нашите пациенти

4.Да се обноват месечните средби на состаноци координатор на ЗПЛРМ и раководители на подрачни единици

5.Дежурства на доктори од Скопје да се плаќаат од страна на Здравствен дом

6.Да се ажурираат списоците и да се праќаат до координаторите до ЗПЛРМ

7.Режим на лекови и негова промена што поскоро да се случи. Матичните доктори се стручни за тие лекови да ги пропишуваат.

8.За неколку болести прпораките да се трајни/шизофренија, оперирани од тироидеја, паркинсон и др. 

9.Казнена политика да биде на процент од плата а не на буџет 

10.База на доктори и медицински сестри кои остануваат без работа откако ќе се  пензионира сопственикот

11.За младите доктори да има сигурност и подобра стимулација

12.ФЗОМ да размислува за порамнување во исплатата кон приватното здравство-каснење 30 дена

13.бидејќи 30 години ни се исплаќа нашиот труд со каснење од 120 дена до 67 дена и никогаш ни денар камата не сме добиле – ФЗОМ да размислува за проектна единица преку која би го опремила примарното здравство со апарати, со кои ние како доктори би доаѓале побрзо до дијагноза на нашите болни пациенти.

Состанокот помина во одлична работна атмосфера / како партнери на маса кога заеднички решаваат системски проблеми…. 

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари