Канадски научници и ги мрсат конците на алчната фармацевтска индустрија

Пронајден лек против ракот, фармацевтите незаинтересирани

“За лекот не е потребен патент, па секој може да го применува брзо и евтино, за разлика од скапите лекови за рак на големите фармацевтски компании. Но, и без нив, лекот би можеле да го произведат независни лаборатории, а целата теренска работа” би можела да се изведе со помош на универзитетите

Научниците од канадскиот Универзитет Алберта во Едмонтон минатата недела излечиле рак користејќи многу едноставна техника – дихлорацетат (ДЦА), што во моментов се користи за нарушувања на метаболизмот, па не постои страв од несакани последици или несакани долготрајни ефекти, пишува Money Trend Research. За лекот не е потребен патент, па секој може да го применува брзо и евтино, за разлика од скапите лекови за рак на големите фармацевтски компании. Канадските научници ДЦА го тестирале на човечки клетки и тој успеал да го убиее ракот на белите дробови, на градите и на мозокот, додека здравите клетки останале нечепнати. Лекот бил тестиран и на стаорци, на кои канцерогените клетки им се собрале кога во водата за пиење им ставиле ДЦА, пренесува МИА.

Во човечките клетки постојат природни механизми за борба против ракот, органелите митохондрии, но треба нешто да ги поттикне за да бидат ефикасни. Научниците претходно сметаа дека митохондриите се оштетени и неактивни против ракот. Своите истражувања тие ги насочија кон гликозата, која е помалку ефикасна во борбата против ракот и создава и поголеми трошоци.

Лекувањето со ДЦА, од друга страна, не се потпира на гликозата, туку на митохондријата. Дихлорацетатот ги поттикнува митохондриите во борбата против станиците на рак. Овој ефект дозволува реактивирање на процесот што се нарекува апоптоза. Митохондриите во себе имаат програма за самоуништување што се активира кога станува збор за клетките на ракот. Без апоптоза, туморите брзо и неконтролирано растат, бидејќи нивните клетки одбиваат да се угасат”. Функционалните и активирани митохондрии, благодарение на ДЦА, го раздвижуваат овој процес и едноставно ги уништуваат клетките на ракот.

Со исклучен процес на гликолиза, телото произведува помалку млечна киселина, па оштетеното ткиво околу клетките на ракот не се распаѓа и затоа не се создава подлога” за нови тумори. Фармацевтските компании не вложуваат во овие истражувања, бидејќи методата со ДЦА не може да се патентира, а без патентот тие не можат да заработат. Без големите компании, оваа метода сега би требало повеќе да ја истражуваат независните лаборатории за да го потврдат откритието и да го произведат лекот. Целата теренска работа” би можела да се изведе со помош на универзитетите на кои сигурно би им било мило да учествуваат во такво истражување и да развијат ефикасен лек против ракот.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари