Информација за измени во Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во РСМ за 2023

Со цел поефикасно насочување на пациентите во здравствениот систем информираме дека во Програмата за организирање и унапредување на крводарителството во РСМ за 2023 г. објавена во Службен весник бр.27 од 08.02.2023 г. е предвидено надоместок на средствата за партиципација при користење на здравствени услуги за дарители со над 20 крводарувања да се трансферираат само кон јавните здравствени установи.

Во изминатите години овој надоместокот се трансферираше кон сите здравствените установи кои имаа склучено договор за пружање здравствени услуги со Фонд за здравствено осигурување на РСМ.


Настанатата новина треба да се има во предвид при упатување на пациентите на понатамошни медицинските иследувања, бидејќи доколку се испратат во приватни здравствени установи за лабораториски и други испитувања нема да бидат ослободени од партиципација.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари