Состанок со Мој Термин
Почитувани колеги,
На ден 01.02.2023 год се одржа состанок со Мој Термин за нашите проблеми
околу ловење термини за нега, за препораки за хронична терапија и за
специјалисти.
Од Мој Термин ни ветија дека за нега повеќе нема да се бараат закажувања со
термин туку ќе мора да се има точен мобилен телефон на пациентот, ние да го
направиме образецот за нега и од комисијата ќе им пратат порака кога да
отидат.
Се дискутираше и дадов предлог за препораки за хронична терапија да не мора
да се троушат термини, бидејќи најчесто за препораки одат членови од
семејството а не болните стари изнемоштени лица.
И трето кажавме дека не смееме да бидеме блокирани за упатување на секундарно
или терциерно здравство за итни и приоритетни упати за неколку гранки од
медицината.




