Известување од ЈЗУ Специјализирана болница Охрид

Почитувани,

Во последно време ЈЗУ Специјлизирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на КВЗ од Охрид се соочува со неадекватно упатување на пациентите на стационарна рехабилитација. Имено, пациентите кои оствариле право на специјализирана рехабилитација како продолжено лекување  и добиле Решение од страна на комисиите на подрачните единици на ФЗО, се упатуваат во Охрид без предходен договор со установата, а од страна на матичните доктори им се издаваат специјалистички упати за амбулантски преглед. Сакаме да потсетиме дека  сите пациенти кои имаат решение за рехабилитација истото треба да го достават до ЈЗУ Специјлизирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на КВЗ од Охрид(  по пошта, на електронска пошта ( cardioohrid@t.mk или  kvz.rehabilitacija@gmail.com) ,  или на вибер на тел.број 072 270 683).

Апелираме матичните доктори да не издааваат специјалистички упати за стационарна рехабилитација! Пациентите кои ќе доаѓаат без предходно закажување со вакви упати ќе бидат враќани  затоа што нашите стационарни легла се пополнети со закажани пациенти.

Со почит,

Др. Елена Коваческа Башуроска,

Директор на ЈЗУ Специјлизирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на КВЗ од Охрид

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари