Лекарите на протест побараа повеќе пари од државата

Со аплауз го пречекаа министерот кој им се придружи на протестот.

Тој им подели благодарници за нивната работа.

По 15-тина минути му ги вратија благодарниците.

-Тоа е знак дека не прифаќаат благодарница од министер кој е исто како нив од примарното здравство. Немам коментар, рече министерот Беким Сали.

На светскиот ден на здравјето вработените во примарното здравство на половина часовниот протест порачаа дека ова е последен крик за опстанок на докторите, медицинските сестри, лаборантите, стоматолозите, приватните специјалисти кои добиваат пари од фондовската каса.

Тие бараат покачување на капитациониот бод, пациентите да се водат на ординацијата, а не кај лекарот, да се промени казнената пшолитика на Фондот за административни пропусти и да се поедностави пропишувањето на лекови.

Најпогодени се матичните лекари кои работат во помалите општини.

Министерот Сали кој доаѓа од примарното здравство вели дека ги разбира нивните проблеми и најави дека работат на нов модел на финансирање. Како една од опциите спомена троен пакет.

Беким Сали најави дека работните групи кои треба да најдат решение за матичните ќе почнат со работа наредната недела, но не прецизираше кога ќе почнат да се исполнуваат нивните барања.

Ова е трет протест на матичните лекари годинава.

https://sitel.com.mk/lekarite-na-protest-pobaraa-povekje-pari-od-drzhavata

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари