Чолакова: Спин е информацијата дека јас земам 3.600 евра плата

Спин е информацијата дека јас земам 3.600 евра плата, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на здржението на матични лекари, откако во дел од онлајн медиумите излегоа објави со документи дека таа во февруари земала над три илјади евра за капитација.
Во вечерашната емисија Вин Вин, таа обајснува дека таа сума не е воопшто тајна, а не станува збор за плата, туку тоа е сума со која функционира нејзината ординација.
- Со тие пари се подмируваат тековните трошоци. Во приватното здравство ни немаат штрафче дадено, а доктор Лилија е меѓу првите десет кои државата не ја вработила во јавно здравство. Последното примање од Фондот е во месец јануари и ако почнете да ги сметате трошоците, јас сум на 40 илјади пријавена, другата доктрока е над 30 илјади, сестрата е на 28 илјади, другата е на 26 илјади, а имаше и период бидејќи другата сестра е на хемотерапија, имате период кога треба да платите три сестри, да не ги кажуваме струјата, сметките и другите трошоци, како и да тргате на страна за да платите и К15, вели Дервишова.
Дервишова вели дека со здравствените власти се договориле да се сретнат на 14 април.
- 90% од нашите барања се суштински, а прво барање е покачување на капитациониот бод, кој не е покачен од 2018 година кога од 55 стана 63 денари, а некој во оваа влада во проектот да биде 90, но ние сме тука да се согласиме на компромис и да ја видиме методологијата врз основа на што е направен овој бод. Не може никој да не се змара и да не преговатра со нас 4 години, и да не прашаат кои се нашите трошоци. Треба да седнеме и да преговараме како ќе се смени моделот.




