Приватните ординации на раб на егзистенција, матичните лекари се жалат на струјата и покачувањето на минималната плата

Во земјава има околу 4.500 приватни здравствени установи, а околу 2.500 се во сериозна егзистенцијална криза и на раб на опстанок, алармира Комората на приватно здравство.

Претседателката на комората објаснува дека за 63 денари во месецот треба да даваат неограничен број услуги, 24 часа, седум дена во неделата.

Додава дека со ова се обезвреднува лекарската професија и дека треба да се работи на враќање на довербата и достоинството. Од оваа група не се исклучени ниту здравствените установи или ординации кои вршат услуга – тестирање за Ковид-19, кои се околу 20 на број во целата земја и се погодени од финансиска криза.

Претседателката на Здружението на матични лекари, воедно и член на комората, вели дека неколку колеги – матични лекари ја информирале дека ќе ги затворат амбулантите поради високите сметки за струја и покачувањето на минималната плата

Од Комората на приватно здравство велат дека од следната недела ќе профункционираат работните групи и преговарачките тимови во кои има и правни и економски експерти и дека целта е директно да учествуваат во законската регулатива, од која досега биле исклучени.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари