Списокот со позитивни и контакти ќе се објавува јавно – Лекарите предупредуваат дека се кршат правата на пациентите

Јавно жигосување или јавно информирање со име, презиме и адреса за секој позитивен на Ковид-19? 

Владината одлука новодијагностицираните да се најдат на сајтот на ДСЗИ, а еднаш неделно и во Службен весник предизвика негативни реакции во јавноста. Инспекторите од Државниот здравствен инспекторат повеќе нема рачно да пишуваат решенија за изолација туку самото објавување на дел од личните податоци ќе значи дека позитивното лице го има тој документ. 

-Минимум објавувањето на податоци согласно регулативата од Законот за заштита на лични податоци, значи минимум електронското објавување ќе значи дека го има тоа, вели д-р. Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

И додека според Бухова во 80 проценти од европските земји воопшто нема решенија за изолација туку самиот позитивен тест е гаранција за седењето во карантин, ДСЗИ е обрзан на тоа. И инспекторатот може да функционира европски со законски измени и отфрлање на овој член, но овие две години во пандемија тоа никој не го побарал. 

За инспекторите не е неетички што заразените ќе се читаат на сајтот на инспекторатот.

-Има член согласно законот за лични податоци дека може да има одредени отстапки кај одредена болест кога е од јавен интерес, вели Бухова.

За разлика од извршителите на одлуката, лекарите контра мерката.

-Доколку виделе од друга земја тоа е погрешно. Ова е јавно жигосување, замислете сега некој од Сида да го објавите јавно. Нас како лекари не учеле дека не е етични јавно споделување информации за болест, вели др. Лилија Чолакова Дервишова, матичен лекар. 

ДСЗИ ќе почне со спроведување на јавно објавување на позитивните кога ќе ја добијат владината одлука. Инаку во Црна Гора каде минатата година истото го направија тамошните власти, сега граѓаните ќе добијат отштета од по 300 евра бидејќи нивните имиња биле објавени на сајтот на Владата.

https://sitel.com.mk/spisokot-so-pozitivni-i-kontakti-kje-se-objavuva-javno-lekarite-predupreduvaat-deka-se-krshat

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари