Материјали од обука за матични лекари
Почитувани,
Во име на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Скопје, како организатор на работилницата *„ХИВ-инфекцијата денес – дијагностика, лекување, професионален ризик и профилакса“* и во наше име како логистичка поддршка на настанот, ви благодариме за учеството на
работилницата и активната вклученост во дискусиите.
Воедно, ви се извинуваме за нашето задоцнето праќање на презентациите, кои ќе ги најдете во прилог на оваа порака и се надеваме ќе ви бидат корисни.
Презентации:
Андреј Сених: „Епидемиологијата на ХИВ-инфекцијата во Македонија“
д-р Билјана Петреска: „ХИВ – дефиниција, трансмисија, превенција и дијагноза“; „ХИВ – патофизиологија, клинички манифестации и фази на ХИВ инфекцијата, опортунистички инфекции и третман на ХИВ инфекцијата“ и „ПЕП-постекспозициона профилакса за ХИВ при професионален ризик кај здравствени работници“
д-р Марија Михајлова: „Искуства од следењето на пациенти со ХИВ-инфекција на ниво на примарната здравствена заштита“
д-р Виктор Симеоновски: „Биомедицинска превенција на ХИВ – ПрЕП и ПЕП“
Румена Ѓердовска: „Социјалните аспекти на ХИВ-инфекцијата“
Во дополнителна порака ќе ви ги испратиме * клиничките упатства за ПрЕП** (**предекспозициска
профилакса**)** и ПЕП** (**постекспозициона профилакса за ХИВ**)*, кои во моментот се во процес на графичка обработка.
Се надеваме на понатамошна успешна соработка.
Со почит,
Анета Манева




