ЛЕКАРИТЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ МОЖАТ ДА ДЕЖУРААТ ВО ДРУГА УСТАНОВА ПОСЛЕ РАБОТНОТО ВРЕМЕ – ВЛАДАТА ГИ ПРИФАТИ ИЗМЕНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА

Со новите измени, се овозможува лекари специјалисти да работат во која било јавно-здравствена институција во земјава.

Општите лекари кои се вработени во здравствените домови, како и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, од крајот на 2022, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, стои во предложените измени на Законот на здравствена заштита, кои денеска ги усвои Владата. Измените треба да поминат и во собраниска процедура пред да влезат во пракса.

Како што соопшти Министерството за здравство, со новите измени, се овозможува лекари специјалисти да работат во која било јавно-здравствена институција во земјава.

Измените на Законот предвидуваат:

  • Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа ќе може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.
  • Во ординациите на матичните лекари, пациентите остануваат во истата ординација доколку нивниот матичен лекар се пенизонира, или го напушти тоа работно место. Со тоа пациентите лесно продолжуваат да се лекуваат во веќе избраната ординација.
  • На веќе вработените лекари, за шест месечен стаж, како услов за специјализација се смета и времето поминато во здравствената установа каде се вработени.
  • Законот исто така за првпат го регулира и вклучувањето на граѓанските организации во системот на здравствена заштита.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари