Матични лекари од Скопје, Кавадарци и Росоман се жалат дека се уште не ги добиле парите од капитацијата за јуни
Матични лекари од Скопје, Кавадарци и Росоман се жалат дека се уште не ги добиле парите од капитацијата за јуни годинава.
Претседателката на здружението на приватни лекари Лилија Чолакова Дервишова вели дека и покрај џентлментскиот договор кои матичните доктори и фондот за здравство го имаат, дека капитацијата може да доцни најмногу 60 дена, дел од лекарите веќе трет месец немаат добиено пари на сметките.
Од фондот за здравстов велат дека доцнење имало, поради неточно испратени фактури, но тврдат дека вчера на сите лекари им е исплатена капитација. Од друга страна, матични лекари со кои тв24 контактираше утрово, велат дека пари на сметка немаат. Од здружението се заканија дека ќе запрат со работа, ако оваа пракса продолжи.




