Блокиран и преоптоварен компјутерскиот систем за издавање рецепти

Матичните лекари веќе четири дена имаат проблем да изддадат рецепти и сертификикати за вакцинација на своите пациенти. Компјутерскиот систем во поглолем дел од денот не функционира, се жалат тие.

Поради ова, матичните лекари мораат или да враќаат пациенти или да ги молат аптеките да им дадат лекови без рецепти, па отпосле да им ги издадат. 

За овој проблем денеска алармираа од Здружението на приватни лекари на Македонија.

Од Министерството за здравство негираат дека има некаков проблем со издавањето вакцинални сертификати, но признаваат дека системот е бавен.

Од Фондот за здравство, кој е надлежен за комјутерскиот систем „Мој термин“, велат дека проблем има, но во текот на денот, ќе биде надминат. 

Директорот на секторот за комуникации во фондот, Ирфан Лимани за ТВ24 вели дека системот за издавање рецепи е бавен, но тврди дека и покрај тоа, лекарите можат да си ја вршат својата работа.

Според претседателката, Чолакова Дервишова, оваа ситуација е недозволива и претставува нефункционирање на здравствениот систем. Таа апелира до надлежните институции проблемот да го решаваат ноќе, за да не се случуваат застои во текот на работниот ден.

https://www.24.mk/details/blokiran-i-preoptovaren-kompjuterskiot-sistem-za-izdavanje-recepti?fbclid=IwAR3RmUOOLdrNMA1Oo3eXtcZWhHN_CDNqsAipqG3ME66oHbKSC9cvRMNVRPo#

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари