Д-р Чолакова Дервишива: ФЗО да ја преиспита својата казнена политика кон приватните лекари

До Здружението на приватни лекари стигнаа бројни жалби од матични доктори и специјалисти од приватниот сектор бидејќи Фондот за здравствено осигурување им врачувал решенија за казни од 2018 и 2019 година. 

Како Здружение имаме донесено мораториум за казнена политика со Фондот, бидејќи тој во изминатите години требаше да направи промена на нивните правилници, промена на режим на лекови и друго, информира за МИА, д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението.

После ваква година на пандемија со Ковид, во која примарното здравство го даде својот максимум и работеше 24 часа и во саботи и недели, посочи таа, наместо пофалби и награди, тоа доби казни и тоа за 2018 и 2019 година.

Чолакова Дервишова прашува дали ова е начин за комуникација со казни меѓу партнерите, а кои се за некои споредни работи, како на пример погрешна шифра, некој лек не го препишал уролог туку интернист, а во тој град нема уролог и слично.

Таа побара Фондот уште еднаш да ја преиспита својата казнена политика и го потсетува дека за нивната макотрпна работа во која направиле и енормни трошоци не биле опфатени со ниеден пакет мерки за награда.

-Сметаме дека е крајно време да се направат коренити реформи во однос на постоење на Фондови и да се воведат повеќе Фондови за здравство, потенцира д-р Чолакова Дервишова.

Воедно таа ја потсетува Владата да го исполни своето дадено ветување на зголемување на капитацискиот бод од 63 на 90 денари, а со што на приватните доктори би им се подмириле зголемените материјални трошоци при работењето во услови на пандемија на Ковид-19. Додаде дека капитацискиот бод не е зголемен од 2018 година.

https://kanal5.com.mk/d-r-cholakova-dervishova-fzo-da-ja-preispita-svojata-kaznena-politika-kon-privatnite-lekari/a477456

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари