Допис за издавање на упат за детекција на антитела
Почитувани,
Согласно важечките протоколи на Комисијата за заразни болести и
Министерството за здравство, анализи кои треба да се користат за
дијагностицирање на SARS –CoV- 2 се PCR тестот и брзиот антигенски тест (детекција на антигрени).
Анализите за детекција на антитела од класата IgG и IgM не треба да се вршат на товар на средствата на Фондот, бидејќи овие анализи не се користат при третман на осигуреници заболени од COVID 19.
Поради тоа, потребно е веднаш да ги информирате избраните лекари на подрачјето на вашата општина дека не треба да издаваат упат за детекција на антитела од класата IgG и IgM.




