Известување за начинот на издавање на боледување
Почитувани,
Во изминатиот период пристигнаа реакции до Фондот дека одредени избрани лекари не можат да отворат и издадат боледување на осигуреници кои поради болест или повреда се привремено спречени за работа, а за истите работодавецот нема платено придонес за здравствено осигурување за тековниот период.
Поради тоа со ова известување ве потсетуваме како осигуреникот може да го оствари правото на привремена спреченост за работа поради болест и повреда, согласно Законот за здравствено осигурување.




