Работилници за 2021
Почитувани колеги,
И оваа година продолжуваме со нашите работилници за КМЕ.
Едната тема ќе биде за Корона вируси и третираањето на примарно ниво, а втората тема ќе биде за психомоторниот развој на доенче.
Ве замолувам сите наши членови да си уплатат годишна чланарина 2400 за оваа година. За да можеме редовно да ги плаќаме сите тековни трошкови кои се за адвокатот на ЗПЛРМ, книговодителката, работилниците, просториите каде ќе се одржуваат, регистрација на возилото, сајтот и администраторот, координаторите кои идат на месечни координации и се друго тековно што ќе се јави.
Друго би сакала да Ве потсетам сите да си ја регулирате и чланарината кон ЛКМ и да си ги испратите сертификатите од претходната година. За да нe Ви се собира поголема сума кога ќе дојде за обнова на лиценца.
Со почит
Управен одбор на ЗПЛРМ




