Палијативна нега

Почитувана Др. Лилија,

Сакам да Ве известам дека упатувањето до Палијативна амбуланта во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември“ преку Мој Термин, кое досега беше само од страна на лекари специјалисти, во наредниов период ќе биде достапно за сите матични и семејни лекари, за закажување на преглед на пациенти со дијагноза Ц (малигна болест).

Исто така, во склоп на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13 Ноември“, започна повторно да функционира Службата за палијативна грижа во домашни услови (доктор и сестра) за хорнично болни пациенти, како и за пациенти со малигна болест.

Закажувањето се врши на тел: 075 498 091 (Др. Моника Лукровска) на кој семејството на пациентот или самиот пациент се јавува и ги добива потребните информации. Се надеваме дека со проширување на овие услуги ќе им помогнеме на голем број пациенти кои се во палијативен стадиум од болеста и на кои им е потребен соодветен третман. За стручни настани кои ги организираме, ќе Ве известуваме на мејл.

Исто така, би сакале Вие и колегите од Вашето здружение да бидете членови на нашето здружение за палијативна грижа. Можете да ме побарате на тел: 075 498 068.

Со почит,

Др. Сци. Лидија Ветеровска Миљковиќ, специјалист по интерна медицина

Претседател на Здружение за палијативна грижа

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари