Надомест на плата за привремена спреченост од работа за лица заболени од Ковид-19
Почитувани,
Во врска со точката 65 од Извадокот од Нацрт- записникот од Дваесет и првата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 17 ноември 2020 година, која се однесува на доставената Информација од МТСП за регулирање на надомест на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица заболени од COVID-19 (Коронавирус) и отсуство од работа вработени лица кои имале контакти со заразени лица и се во самоизолација (со решение на ДСЗИ), Ве известуваме за следното:
- Вработените лица кои се заболени од COVID – 19 (со симптоми и асимптоматски), ќе го остварат своето право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест, односно избраниот лекар ќе издаде ИСР образец. Надоместокот на плата (поради болест) за првите 30 дена исплатува работодавецот од своите средства, согласно закон и колективен договор.
- Во случаите кога осигуреникот заболен од COVID-19 е на подолготрајно боледување над 30 дена, исплатата на боледувањето е на товар на средствата на ФЗОРСМ. Висината на надоместокот на платата се утврдува согласно Законот за здравствено осигурување и подзаконските акти на Фондот.
- Вработените лица кои се во изолација заради спречување на зараза( со решението од ДСЗИ) бидејќи биле во контакт со заболено лице, а за истите не е потврдено дека се заболени од COVID – 19 (Коронавирус), избраниот лекар не издава боледување. Оправданото отсуство од работа и начинот како ќе се исплатува, е регулирано со друг закон и колективен договор.




