Ковид бројките во пораст, ситуацијата загрижувачка

Критично станува и со болничките капацитети..

Во Скопје нема слободен термин за тестирање, ама има за пет дена, а иако си во изолација, ќе треба да одиш до Тетово.

Ова е само еден од одговорите на матичните лекари до пациенти што имаат симтоми на корона, а според алгоритамот треба да се тестираат. Од немај-каде, граѓаните плаќаат најмалку педесетина евра за корона тест во приватна лабораторија. Д-р Чолакова-Дервишова, вели дека има и пациенти што немаат симтоми, но поради паника, итаат кон лабораториите, и плаќаат илјадници денари за тестирања.

-Термини нема за веднаш. Имав еден случај, по симтоми му објаснив дека најверојатно е позитивен, но бидејќи нема термини, ќе дадеме терапија. Тој откако веќе добро се чувстувал успеа да се тестира, искочи позитивен, но немал веќе температура,истакна Лилија Чолакова-Дервишова – Претседател на здружението на матични лекари

-Имам пример, цела фамилија, и возрасни и деца, 38.000 денари имаат дадено во еден миг за тестирање, дпополни Лилија Чолакова-Дервишова – Претседател на здружението на матични лекари.

Од сите досега тестирани, над 226.612, околу 106.000, или 47%, тестот го направиле плаќајќи од свој џеб, во приватна лабораторија. Па, доколку се направи груба пресметка, земајки најниска цена на тест од 3.000 денари, граѓаните по приватни лаборатории оставиле најмалку 5 милиони и 200 илјади евра. А колку поточно „се офајдиле” приватниците не се знае, оти ниту еден од нив не ја објавува набавната цена на тестот.

Во вестите ја вклучуваме Тамара Стојкова.

https://kanal5.com.mk/kovid-brojkite-vo-porast-situacijata-zagrizhuvachka/a444625

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари